Сончев Систем - креативно разубавување на Дојранското крајбрежје

Среда, 27 Март 2019

Фото: Урбана уметничка акција на ЦСУ-Скопје за збогатување на амбиентално пејсажните вредности на малите места и општини во Македонија

 

 

Сончев систем е нова урбана акција осмислена, креирана и направена за обогатување и креативно интервенирање на просторот на Дојранското крајбрежје, едновремено акцијата е дел од акциите на Центарот за Современи уметности односно групата урбани уметнички акции наменети за оплеменување на јавните простори и збогатување на амбиентално пејзажните вредности на малите места и малите општини низ Македонија.

Самата акција претставува просторна интервенција со димензии 9 на 5 метри во која се поставени модели на сите 8 планети од сончевиот систем и сонцето. Планетите се правени реалистично, а нивните големини се во сооднос со нивната големина во однос на Сонцето. Едновремено за зајакнување на едукативниот дел на оваа инсталација покрај секоја планета ставени се таблички со основни податоци за планетата.





Локацијата на инсталацијата е покрај пешачката патека на брегот од Дојранското езеро во близина на плажата „Златен брег“ која е најчеста дестинација за прошетка на посетителите на Дојран, што значи инсталацијата е суптилно ненаметлива, а предизвикува љубопитство кај минувачите.

Акцијата е е дел од проектот Креативни заедници на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Last modified on Среда, 27 Март 2019 - 12:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.