Топ Новости

Светски ден на здравството

  • Недела, Апр 07 2019

Недостаток на здравствен специјалистички кадар е обележје на годината во Општа Болница Гевгелија

 

 

Недостаток на здравствен специјалистички кадар е обележје на годината во Општа Болница Гевгелија.

Со припојувањето на Болницата со Здравниот дом се доби нов правен субјект ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија со проширена надлежност“ но бројот на докторски, стручен медицински и специјалистички кадар остана ист, а дејноста на надлежност проширена.
Тоа значи дека постојните кадрови ресурси во Болницата го даваат својот максимум, а потребите на пациентите се секојдневни, од хроничната терапија, до редовните прегледи, па и до состојби на зголемен број заболувања од грип и епидемија од морбили.

Стручниот тим на гевгелиската болница засилена со здравствената услуга што ја даваат матичните доктори од приватните здравствени установи допринесоа општина Гевгелија и регионот што е под надлежност на Болница Гевгелија успешно да се справат со овие предизвици (грипот и морбилите) и да нема последици по здравјето на граѓаните.

Недостатокот од специјалистички кадар е постар проблем „фабрикуван“ од претходните години, зошто специјалистичките кадри се создаваат со специјалистички студии, на кои со години раководството на болницата гледало небрежно, или штедливо на средства. Така деновиве фалат специјалисти педијатри, па во детското одделение дејноста ја обавува лекар специјалист од приватна здравствена установа, во гинекологија нема тим за изведување породувања па младите мајки се упатуваат на породување во други здравствени установи. По смртта на инфектологот д-р Ѓеорги Петков (несреќниот негов поход на Монт Еверест каде и почина) Болницата остана и без стручњак инфектолог. Недостасуваат невролози, хирурзи, анестезиолози, дерматолози.

На последната 25 седница на Советот на општина Гевгелија ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ информираше за состојбата со здравствената заштита на населението во Општината и состојбата со здравствениот кадар. Во истата е најавено дека се очекува завршување на специјалистичките студии на двајца специјализанти педијатри со што Одделот за детски болести би се комплетирал со двајца специјалисти, а веќе постоечкиот специјалист би останал во Службата за превентивна здравствена заштита на предучилишна и училишна возраст (вакцинации).

За секторот гинекологија и акушерство Болницата ги известува во Информацијата советниците од гевгелиската локална самоуправа дека склучила спогодба за превземање на медицински персонал од Клиничката болница во Штип за создавање законски услови за изведување породувања во гевгелиската Болница.
Од ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија најавуваат и „враќање“ од специјалистички студии на еден специјалист по општа хирургија и еден невролог со што здравствената заштита во овие два оддела од болницата би требало да се подобрат во однос на достапноста на лекарската помош кон граѓаните, пациенти.

 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.