МЗ подготвено за чување и дистрибуција на вакцините против ковид-19

Недела, 13 Декември 2020

Ладниот третман на вакцините против кoвид-19, чувањето на минусни температури, дистрибуцијата и одржувањето на нејзината ефикасност е новиот предизвик за македонското здравство за подготовка за прием на 833.000 вакцини кои треба да пристигнат во почетокот на следната година.

Дистрибутерите кои веќе се вклучени во системот на вакцинација, ги чуваат и пренесуваат останатите вакцини што се користат во земјава, ќе бидат задолжени и за вакцината против ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посети овие оператори и порача дека е подготвена инфраструктурата за чување и диструбуција.

Во моментов, има фрижидери до минус 20 степени целзиусови, а дополнително ќе се набавуваат и до минус 70.

- „Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до-20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле ’ладниот синџир‘ при дистрибуција на вакцините. Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до – 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари“, соопштија од Министерството.

Вакцинацијата, најавуваат здравствените власти, ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини против ковид-19, порачуваат, се безбедни и ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Двете вакцини за кои е поднесено барање за одобрување во Европската агенција за лекови (ЕМА), а кои треба да пристигнат во земјава, треба да се чуваат на ниски температури. Вакцината на „Модерна“ треба да се чува на температура од-20 степени целзиусови, додека онаа на „Фајзер“ и БионТек“ на-70.

 

Last modified on Недела, 13 Декември 2020 - 15:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата

Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,

Повеќе

Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот

Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во

Повеќе

Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти

Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта

Повеќе

Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -

Повеќе

Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ

Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од

Повеќе

Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство

Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,

Повеќе

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.