Короната во ист нагорен тренд со 35 новозаразени, 21 оздравени

Четврток, 01 Април 2021

Денешниот ковид биланс од направени тестови во ЦЈЗ Гевгелија и лабораториските анализи направени во референтни лаборатории во Скопје, јавуваат за 35 нови случаи на корона инфицирани во регионот на југот од Македонија. Територијалниот распоред на новоинфицираните е следен: Гевгелија 32, Богданци 2 и 1 во Дојран.
Од позитивната листа на досега заразени и заболени од ковид-19 испишани се 21 пациенти од регионот на ЦЈЗ и тоа 18 од Гевгелија, 2-ца од Богданци и 1 од општина Дојран.

Моменталната ковид слика на активни во регионот која ја одржува епидемијата и понатаму актуелна и во комплетна здравствена ангажитаност на медицуинсиот кадар од Општа Болница Гевгелија е следен:
- Гевгелија има во моментот 398 активни на ковид-19,
- Богданци е во моментот со 74 активни случаи на корона (со 2-ца новозаразени и 2-ца оздравени само се промени вкупната слика на заразени 410 од почетокот на епидемијата и 328 оздравени до сега, со смртен исход на 8 ковид пациенти);
- Дојран е со 12 активни на ковид-19 (има еден новоинфициран и 1 оздравен пациент со што вкупниот број на досега заразени се искачи на 113, а 99 лица до сега оздравеле. Овде се и 3-те смртни случаи од ковид-19).

Од утре во Општа Болница Гевгелија започнува имунизацијата на ранливите возрасни групи население од трите јужни општини, во кои спаѓаат жителите од Гевгелија, Богданци и Дојран кои се над 77 години старост и кои веќе се пријавиле на системот „Вакцинација.мк“.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.