Почнува летната серија на трки - „BEACH RUN 2019“

Недела, 07 Јули 2019

Скопје, Дојран, Претор, Маврово и Охрид се петте дестинации каде годинава ќе се трча покрај плажа во рамките на платформата „Ја трчаме Македонија“. Со петкилометарска трка во Скопје денеска стартува серијата трки наречена „Beach Run 2019“.

Од Скопје лигата се сели со петкилометарски трки во Дојран на 14 јули и Претор на 21 јули. Потоа се трча полуматарон во Маврово на 28 јули и завршната трка на десет километри во Охрид на 3 август.

Серијата трки на плажа се во организација на здружението „Прв до врв“ преку платформата „Ја трчаме Македонија“ и на нив нив може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето, на една од дестинациите, или на сите ако е лубител на летното масовно спортување на плажа.

Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање за оваа година.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд во вредност од 60.000 денари. На секоја од трките, првите три места во машка и женска конкуренција освојуваат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, информираат организаторите.
Пријавувањето за учество во Beach Run 2019 е преку веб страната на www.prvdovrv.mk
Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа.


Last modified on Недела, 07 Јули 2019 - 13:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

Францускиот сенат гласаше „ДА“ за членство на Македонија во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за

Повеќе

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.