Ѓоковиќ го збриша Гуфен за влез во полуфинале на Вимблдон

Среда, 10 Јули 2019

Првиот фаворит за трофејот на Вимблдон 2019 и носител на минатогодишниот пехар на кралскиот турнир во Лондон, Новак Ѓоковиќ денеска во четвртфинален дуел со Давид Гуфен победи и обезбеди пласман во полуфинале кое ќе се игра после два дена.

Со три освоени сетови (6:4, 6:0 и 6:2) тој го збриша од терен младиот 28 годишен белгиски тенисер. Со 10 последователно освоени гема тој го демолираше својот ривал на теренот. Ова беше шести триумф на Ѓокович над белгијанецот во нивните меѓусебни дуели, со само еден пораз.

По победата тој им даруваше срца на фановите (со покрети на телото), автограми на сите кои до испраќаа на излез од теренот и селфија за упорните обожаватели.

За својот противник рече дека започнал добро со играта, го диктирал темпото, враќал добро на ударите. За себе изјави дека бил среќен што го добил уште првиот сет со што ја осигурал психолошката предност и лесната победа над противникот за влез во полуфинале.
Новак своето деветто полуфинале во Лондон ќе го одигра во петок против подобриот oд дуелот меѓу Гвидо Пеља и Роберто Батиста.

 

Last modified on Среда, 10 Јули 2019 - 16:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.