Топ Новости

Рено дуото се враќа во Стојаково

Недела, 04 Август 2019

По 37 денови патешествија низ осум европски и две азиски држави, со поминати 23.000 километри денеска попладне Рено триото - Џоко, Ѓорги и олдтајмерот од 1978 година се враќаат во Стојаково.

Попладне се очкува да влезат на македонска територија преку граничниот премин Дојран. Се очекува во Стојаково да се одбележи организиран пречек на автомобилските првенци од Македонија кои со автомобил со регистарски таблички од Македонија стасаа до Кина. Не ја провозаа територијата на најбројната нација во светот, но затоа пак го развиорија македонското знаме на ѕидините од Кинескиот ѕид. Со тоа го оправдаа името на својот патувачки проект „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“.

Денеска, сите патишта водат до Стојаково. И стојачани, и богданчани и гевгеличани ќе сакаат да се радуваат на доаѓањето на овие авантуристи, полни со приказни за доживувањата од нивните патувања: послушниот и издржлив 41 година стар автомобил, пресретливите луѓе кои ги среќаваа на патот, убавата монголка Жаклин која го растрепери срцето на еден од автопилотите, експедитивната соработка со Македонското Министерство за надворешни работи кое преку Амбасадите обезбеди влез во Кина на нашите јунаци од југот, обезбедените авио билети, приемот од македонскиот Конзул во Русија.
Сите тие посакаа јунаците на патувачкиот проект да ја остварат својата мисија, а тие летото во август да дојдат дома во Македонија и заедно да им посакат добредојде во нивното Стојаково. Така, како и лани, во најава се дипломатски гости.

Дочекот на Рено јунаците е закажан вечерва во 18 часот во дворот, игралиштето на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стојаково.
Кој може да и' одолее на оваа покана? И да не сте кадарни за оро треба да дојдете да ја вдишете победничката атмосфера на гордите стојчани, кои Ве канат со следнава порака:

„Да го повториме незаборавниот пречек од минатата година, бидејќи подвигот што го направија Џоко и Ѓорѓи ќе остане запишан во аналите на Македонскиот автомобилизам како прв автомобил со Македонски регистарски таблички кој стигнал до Кинеската граница, а Стојачани треба да бидат особено горди, да ја стават најубавата дулама и да излезат да им се заблагодарат бидејќи преку оваа авантура за Стојаково се слушна за прв пат на многу нови места.
Уште една причина повеќе да славиме денеска е тоа што моделот Рено 4 слави 58 роденден.
Се гледаме во 18 часот!“ порачуваат олдтајмер јунаците Џоко Шуклев и Ѓорги Николов.

По извозените патишта низ Македонија, Србија, Романија, Украина, Русија, Монголија, прелетана Кина, па назад по истиот редослед до Москва, потоа Полска, Србија, Бугарија, Грција и преку граничниот премин Дојрани-Дојран, назад до почетниот старт и нивна конечна цел - Стојаково. Поминат планинскиот венец Карпатите, големиот Урал и континенталната граница меѓу Европа и Азија, потоа Бајкалското езеро, по течението на големиот Дунав, стасаа и до нашата Македонија.
Затоа, денеска сите патишта водат до Стојаково!


Last modified on Недела, 04 Август 2019 - 14:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“

Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.

Од 10-тина

Повеќе

Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка

Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите

Повеќе

Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за

Повеќе

Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година

Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за

Повеќе

Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето

Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на

Повеќе

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.