Топ Новости

Трикратен светски првак во пливачки ултрамаратон

Среда, 11 Септември 2019

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев се искачи на пиедесталот на маратонот во Италија пливајќи од Капри до Неапол. Освојувајќи го третото место тој ја потврди светската титула во Светската серија на ултрамаратони. Ова му е трета титула по ред. Претходно обезбеди медал во 2015-та и 2017-та година.

Но, веста за ова извонредно спортско достигнување ја нема на медиумите од национален ранг. Токму поради тоа, преку социјалните мрежи се огласи неговиот брат Дарко Поп Ацев, кој напиша:

„Дечково, (пишува Дарко за својот брат Евгениј) трипати е победник на светската серија ултрамаратони (2015, 2-17 и 2019 година). Успех, недоволно вреден да се спомене на ниедна национална ТВ. Успех непрепознаен од ниедна фирма, успех недоволен за да има барем некаква помош од државата. Државата чии бои ги брани и повеќе од достојно ја претставува. Кој не осетил и не видел, не знае колку пот и одрекувања е тоа“, пишува Дарко.

„Е, овој дечко, сам си плаќа каде и да оди за да не претставува, а нема ниту еден денар работен стаж, ниту здравствено, ниту пензиско осигурување. Зошто? Затоа што решил да плива за Македонија. И како дал Господ, го прави тоа без никаква помпа, одбивајќи понуда да плива за друга држава
Искрено, ти се восхитувам на честа, скромноста и истрајноста. Добри спортисти има многу, ама добри луѓе многу малку...е, ти си еден од нив. Честитки, голем човеку“, пишува Дарко за Евгениј, со надеж дека можеби нештата ќе се променат.

Last modified on Среда, 11 Септември 2019 - 11:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.