Ноле пак е машина: Го освои Токио без изгубен сет

Недела, 06 Октомври 2019

Новак Ѓоковиќ ја заврши својата совршена недела во Токио со трофеј во рацете и без загубен сет. Во финалето се виде разликата во класите помеѓу Ноле и австралискиот тенисер Џон Милман, а дуелот заврши за нешто повеќе од еден час со резултат (6-3; 6-2) во сетови.

Фантастичниот прв сервис на 32-годишниот српски тенисер му донесе рутинско освојување на првиот сет. Направи брејк за предност од 3-1 и не погледна назад, за да поведе со 6-3.

Веќе на стартот на вториот сет победникот беше одлучен. Ѓоковиќ двапати по ред го одзеде противничкиот сервис и си го отвори патот кон нова титула во кариерата.

Ова е четврта титула за тенисерот од Србија кој ги освои и „Австралија опен“, „Вимблдон“ и Мастерсот во Мадрид оваа година.

За најдобриот тенисер на денешницата ова е прв настап во Токио и прв шампионски трофеј. Наредната година тој планира да се врати во главниот град на Јапонија, за да настапи и да се бори за златото на Летните Олимписки игри.


Last modified on Недела, 06 Октомври 2019 - 13:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.