Топ Новости

Шест годишната Ешлин со Гинисов рекорд во планинарење

Понеделник, 18 Ноември 2019

Таа е најмладото девојче што го освоила два пати врвот Килиманџаро. Има само 6 години, а веќе два пати годинава, за период од две недели, едно по друго го искачила највисокиот врв во Африка, Килиманџаро. Ешлин е од Велика Британија и овој септември станала најмладото женско лице кое дошло до врвот на планината Килиманџаро во Африка.

Подвигот на малата, но силна Ешлин Мендрик, ги воодушевил и искусните планинари. Девојчето одбило било каква помош при искачувањето до висина од 5.895 метри. Инаку, до врвот Ухуру, доаѓаат само две третини од лицата кои тргнуваат кон него.

Толку уживала во качувањето што две недели подоцна, Ешлин повторно се искачила на врвот по друг пат. Таа се надева дека еден ден ќе го освои и Монт Еверест.

Ешлин е од Западен Сасекс и на експедицијата била со својата мајка Викторија и 11-годишниот брат Николас. До врвот пристигнала на 29-ти септември, а истото го повторила и на 13-ти октомври.

Првото искачување траело шест дена, а второто пет.

- „Ешлин го собори рекордот кој го држеше Монтана Кини од САД, а која минатата година, до врвот се искачила со седум години и десет месеци. Горда сум на своето дете, беше неверојатно искуство", рекла Викторија, мајка на Ешли, објавува британскиот весник „Дејли Меил“.

Last modified on Понеделник, 18 Ноември 2019 - 14:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.