На 1 мај гевгелискиот алпинист д-р Петков на 1000 метри до Монт Еверест

Петок, 01 Мај 2020

Гевгелискиот алпинист д-р Петков на Денот на трудот во 2018 година се искачи на висина од 7.800 метри од највисокиот светски врв Монт Еверест. Тоа е само 1.048 метри до самиот врв наречен „Капата на светот“.
Овде меѓународниот тим алпинисти предводен од англискиот водич Тим Моусдејл од Лондон, во кој беше и гевгеличанецот Петков, остана да преноќи три ноќи без боци за кислород, за аклиматизација и приспособување на телото и организмот на вонредно ледените услови на Еверест.
За еден ден од -5 степени тие стигнаа на терен каде температурата е -30 степени Целзиусови. Ваквиот вонреден напор, треба да се издржи три дена и три ноќи, под леденото тло на Кампот 3 каде ноќите се уште постудени и до -40 степени под нулата.
Експедицијата ја греат топли вреќи, шатори, решоа за загревање до топење на снегот за снабдување со вода и испробување на опремата за конечниот чин искачувањето на врвот Монт Еверест од 8.848 метри надморска височина.
Првомајското искачување до 7.800 метри е втoро по ред на седумчлениот тим алпинисти во кои е и гевгеличанецот Георги Петков. Истата рута ја реализираа и на 28 април, за еден ден од 7.200 м.н.в. до 7.800 м.н.в. Но, еднодневниот зафат за висинско искачување на 2.400 метри разлика надморска височина од Базниот камп сместен на 5.400 м.н.в. до Камп 3 на 7.800 м.н.в. со тродневен престој за аклиматизација е новиот 1-во мајски предизвик за овие ледено уверени алпинисти во својата намера да зачекорат на Покривот на светот.

После престојот во Камп 3 екипата се врати на нова аклиматизација на телото во Базниот камп. Потоа се очекуваше погоден временски џеб (погодни временски услови) за реализирање на конечната цел, освојување на „Кралицата на небото“, како што го нарекуваат врвот Монт Еверест луѓето во Непал.

Погодниот времеснки џеб се создаде на 19 мај 2018, но уште утрото пред тргнување гевгелискиот алпинист само станал од својот шатор и се срушил на земја. Била констатирана моментална смрт - срцев арест.
Во чест на првиот гевгелиски патник кон Хималаите, д-р Георги Петков, лекар специјалист инфектолог, толку неопходен во својата стручност и во ова време, инаку долгогодишен член на гевгелиското планинарско друштво „Кожуф“ - планинарите во спомен на хималајскиот патник од Гевгелија, востановија планинарски „Меморијал Д-р Георги Петков“, а неговите колеги од ПСК „Двете уши“ една година од годишнината на неговата смрт поставија спомен обележје на врвот Мала рупа во негова чест и сеќавање!

Поздрав до висините за тебе голем човеку!

 

Last modified on Петок, 01 Мај 2020 - 19:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.