Златен медал за Валентина Узунова освоен на „Vodno-Matka Trail Marathon 2020“

Понеделник, 20 Јули 2020

Втор златен медал годинава за нашата атлетичарка Валентина Узунова“ членка на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија, освоен годинава, во пандемски ограничените услови за спортување. Денеска таа истрча 26 километри, дел од трасата на „Vodno-Matka Trail Marathon 2020“ со време од 4:08 часа и го постигна својот рекорд и прво место од учесниците на овој трет по ред маратон.
Таа и оваа трка, како и сите останати, ја посвети за поддршка на болните од Пулмонална хипертензија, со цел поголема видливост на нивниотпроблем, потреба од здравствена заштита, лекови кои се скапи, а се не се на листата за набавка преку Фондот за здравство.

Пандемијата ги намали условите за изведување масовни спортски настани, но организаторите на трки им се досетија - со временски различен старт на секој од учесниците се обезбедува дистанца меѓу тркачите. Третото издание на Водно-Матка Треилс, организиран од ТРЕКС, годинава привлече голем број учесници, желни спортистина кои им недостасува спортскиот предизвик и возбуда. Трката има три должински траси: класичен маратон од 42 километри, „Водно-Матка Треил“ од 26 километри и полумаратон „Водно Треил“ од 21 километар.
Најдолгата има висинска разлика за искачување, во трчење од 3.100 метри што значи дополнителен напор за тркачите. Условите беа пријатновременски, но магливи. Се стартуваше после полноќ за најдолгата траса, а нашата Валентина за „Водно-Матка-Треил“ стартуваше после 5 часот изутрина, значи во мугрите. Нејзината висинска делница за искачување-истрчување беше 1.650 метри.

Трките во сите три должински одредници се одвива во околината на градот Скопје – на планината Водно и во кањонот Матка – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од византискиот период.

Прв на целта меѓу мажите на 42 километарскиот маратон пристигна Дејан Ангелковски, со време од 3:08:58 часа. Втроопласиран Антонио Каранфилоски со време од 3:20:31 часа, а трет пристигна Александар Војнески Еленин со време од 3:32:04 часа.
На 42 км маратон од жените прва пристигна Сања Најдовски од екипата на „TREX“ со време од 4:20:16 часа. Ивана Пеќевска пристигна втора со време од 4:37:09 часа и трета Ерида Куршумлија од Косово со време од 5:11:27 часа.

На маратонот истрчаа вкупно 109 атлетичари-тркачи од Македонија и земји од соседството Србија, Грција, Бугарија, Словенија, Албанија, Косово, но и Германија, Велика Британија, Словакија, Унгарија, Франција, Романија, Финска и САД. Сепак победите ги понесоа момчиња и девојќи од Македонија, веројатно заради познатиот терен.

Во трката „Vodno-Matka Trail Marathon 2020“ беа пријавени повеќе од 250 учесници, но на терен истрчаа 177, а трасата долга 26 километри. со висинска разлика од 1.650метри, ја финишираа 173 тркачи. Резултатите се следни: Прво место мажи за Michael Van Baelen од Белгија (1:33:54 ч.), второ место за Марјан Бонев (1:33:52 ч.) за две стотинки побавен од првакот, и трето место з Иван Пешовски (1:41:18 ч.).
Во конкуренција жени: прво место за богданчанката која работи во Гевгелија и членува во гевгелиски атлетски клуб Валентина Узунова која истрча на патеката со број 569 и постигна резултат од (4:08:11 ч.), второ место за Сунчица Арсовска од ААК „Скобул“ и трето место за Станимирка Тасевска, исто така член на „Скобул“ од Македонија.

Нашата гевгелиска атлетичарка Узунова беше учесник на „Зимскиот ноќен полумаратон 2020“ што се одржа февруари во Белград, а понесе златен медали на трката до Титов Врв, трасата од 21 километар, на надмораска височина од 2.100 метри. Со тоа докажува дека и покрај пандемијата е во сериозна спортска кондиција за освојување медали и први места.

Инаку, трката на Матка се одржа во недела 19 јули со огромен број на учесници (близу 400) и голем дел организатори, навивачи и љубители на планинските убавини на Матка и погледот на околните планински опкружувања и секогаш белата убавица Шара.

ФОТО: од приватната ФБ колекција на Валентина за новта трка и новоосвоениот медал


Last modified on Понеделник, 20 Јули 2020 - 00:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.