Топ Новости

ПСК „Двете уши“ на 30 меморијал „Мурато“

Понеделник, 13 Мај 2019

По 30 пат планинари од Македонија и Балканот учествуваа на меморијалот „Димитар Илиевски Мурато“ во знак на сеќавање и почит кон првиот македонец кој го искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, битолчанецот Диме (1953-1989).


Изминатиот викенд во саботата на 11 мај гевгелискиот планинарски спортски клуб „Двете уши“ учествуваше на 30- тиот меморијален марш „Димитар Илиевски Мурато“. ПСК Двете Уши учествуваше на годинешниот марш со осумчлена екипа, од кои седуммина членови и еден гостин. Маршот го организира традиционално секоја година планинарскиот клуб „Пелистер“ од Битола во чест на Димитар Илиевски Мурато кој во 1989 година се искачи на Монт Еверест, но за жал не успеа да се симне и засекогаш остана на „покривот на светот“.

Стартот на маршот беше од пред Инфо Центарот кој се наоѓа на надморска височина од 1.360 метри и заврши на „Димев Врв“ кој се наоѓа на надморска висина од 2.600 метри на Баба планина и е веднаш до врвот Пелистер кој е со 2.601 метри надморска висина. Планинарите се движеа по патеката Инфо Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер-Димев Врв. Беше совладана висинска разлика од 1.241 метар и патека долга 13 километри.

И патувањето до Битола и стартната точка која траеше 4 часа и искачувањето на „Димев врв“ беше во еден ден совладано и временски и физички од гевгелиските планинари. За своите впечатоци изјавуваат:

- „Тргнавме од Гевгелија во 4 часот наутро и стигнавме пред Инфо Центарот во Националниот парк Пелистер малку пред 7 часот, токму навреме заедно со домаќините и останатите гости да тргнеме кон планираната цел за тој ден, врвот Пелистер и Димев Врв. Тоа што моравме да станеме рано наутро не не спречи да уживаме во убавините на Пелистер, еден од најубавите национални паркови во Македонија. Ни беше задоволство и чест да учествуваме на настанот организиран во чест и спомен на еден од најистакнатите македонски планинари, Димитар Илиевски Мурато“, изјавуваат од ПСК „Двете уши“ од Гевгелија.


Last modified on Понеделник, 13 Мај 2019 - 14:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.