Гевгелиските планинари од „Кожуф“ ја искачија Ниџе планина

Вторник, 09 Јули 2019

Во 27-та недела од годината ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија ја реализираше својата 34-та акција од својата годишна програма за работа на клубот, засилувајќи го темпото на летни планинарски акции на домашен и меѓународен терен.

Викендов Здружение Планинарски Спортски Клуб „Кожуф“ Гевгелија реализираше искачување на Ниџе планина, опеаната во македонските народни песни. Планината се наоѓа на крајниот јужен дел од нашата држава на границата со Грција. Истата на македонска територија зафаќа вкупна површина од 689,4 км2, од кои 357,4 км2 се над 1.000 метри надморска височина, 82,2 км2 над 1.500 метри и само 10,8 км2 површина над 2.000 метри надморска височина.
Преку нејзиниот срт води државната граница помеѓу Македонија и Грција. Се протега во правец североисток-југозапад со највисок врв Кајмакчалан (2.521 м.н.в.), но доста се истакнува и истоимениот врв Ниџе висок 2.361 метри.

Екипата на оваа акција беше составена од 17 планинари од кои 16 од ЗПСК „КОЖУФ“ Гевгелија и 1 од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица. Планинарите акцијата ја започнаа со старт од бањите во Лутраки па преку резервоарот Орма го искачија врвот Боурика 1.688м.
Врвот Боурика иако е со скромни 1.688 метри надморска височина, сепак спаѓа во средно тешки патеки со што планинарите пропешачија 28,6 километри со висинска разлика од 1.600 метри. Овој врв се наоѓа во централниот дел на планината Ниџе и од него се гледаат неколку врвови на Ниџе како и планините Кожуф и Пајак.

Оваа акција е претпоследен тренинг за најголемата активност на гевгелискиот планинарски Клуб надвор од државата за оваа година, а тоа е искачувањето на Триглав (2.864 мнв) во Словенија и акцијата на искачување на Пиз Бое (3.152 мнв) со Три Чими ди Лаваредо Доломити во Италија. Стартот ќе следува за две недели.

 

Last modified on Вторник, 09 Јули 2019 - 12:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.