Топ Новости

ЗПСК „Кожуф“ на Младински Балкански планинарски средби 2019

Недела, 25 Август 2019

Во селото Вратница, општина Јегуновце, оддалечено само 20 километри од Тетово, сместено на 750 метри надморска височина во пазувите на Шар планина, викендов беше местото каде се реализираа Младинските Балкански планинарски средби. Домаќин на настанот кој собра над 50-тина планинари од Балканот беше Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово.

На Балканските младински планинарски средби учество зедоа планинари и подмладок од пет Балкански земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Истите беа резервирани за клубовите оснивачи на Балканските планинарски средби од кои произлезе идејата и организацијата на ист таков вид средби на Балканско ниво, ама посветени на младите планинари. Меѓу сите нив, во улога на оснивачи на БПС и учесници на МБПС спаѓа и ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија.

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија на овие средби учествуваше со екипа од осум члена од кои шест млади и двајца возрасни кои ги придружуваа, (Карагонова Милева и Митров Лазар).

Гевгелискиот планинарски подмладок заедно со другите планинари во петокот во попладневните часови пристигнаа во с. Вратница и во дворот на Хостел „Китка“ ги поставија своите шатори за ноќевање. Следните два дена сабота и недела имаа активности: Саботата - изведоа планинарска акција од Сенокос до Петачко водиче каде што имаа планинарски игри местење на шатори, орентација со мапа и друго. Откако се вратија во хостелот имаа забавни активности како и предавање на тема маркирање на планинарски патеки.
Неделата - по утринските вежби и појадок, младите планинари ги собраа своите шатори и со превоз се упатија во с.Лешок каде го посетија Лешочкиот Манастир со што официјално завршија планираните активности од програмата на Младинските Балкански Планинарски Средби.
На крајот од дружењето, по традиција се бираше следниот домаќин на средбите. Среќата да домаќинува и да ги организира младинските балкански средби за следната 2020-та година му припадна на Планинарското друштво „Победа“ од Белград, Србија.

ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија активно продолжува да работи со младите и најавува дека од следниот месец септември почнуваат со организирање на планинарски акции на Кожуф планина за најмладите од општината и соседните општини. Овие активности планираат да ги реализираат заедно со училишните центри од Гевгелија и Богданци со кои минатата година имаа потпишано меморандуми за соработка.

- „Иднината на нашиот планинарски клуб ја гледаме во младите и затоа ќе продолжиме да инвестираме во нив“, велат од ЗСПК „Кожуф“.


Last modified on Недела, 25 Август 2019 - 22:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.