Топ Новости

ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија на Пирин планина

Вторник, 03 Септември 2019

Крајниот викенд од осмиот месец од годината на планинарскиот спортски клуб „Кожуф“ ид Гевгелија беше планиран за искачување на врвот на Олимп во Грција, како 44 акција во текот на нивната програмска година. Но, поради презафатеност и резервираност на ноќевања од други планинари од Планинарскио дом на Олимп им било јавено дека немаат место за сместување и престој на планинарите од Гевгелија. Така, викендот на активности не пропадна. Пирин беше следната дестинација за августовското искачување на планинарите од „Кожуф“ Гевгелија.

- „Одлуката падна да се искачуват врвови од мраморниот дел на Пирин и тоа трите највисоки мермерни врвови Кутело II 2.908 мнв, Бански Суходол 2.884 метри и Вихрен 2.914 метри надморска височина. Попатно беше планирано искачување и на врвот Кутело I, и преку познатото седло на Пирин планина Кончето“, велат за својата акција одлучните планинари на „кожуф“.

Акцијата започна 31ви август сабота во 7 часот кога од Гевгелија тргна група составена од 15 членови на ЗПСК „Кожуф“ и двајца гости од Битола со намера да ги искачат трите врва на Пирин планина. Пред самотоискачување планинарската група од Македонија била сместена во планинарскиот дом Вихрен кој се наоѓа на височина од 1.972 мнв. Првата прошетка и запознавање на теренот беше до езеро Окото.
Следниот ден рано наутро во 5 часот уште незазорено во првиот час од искачување со челни батериски ламби 17-члената екипа го започна искачувањето. Патеката на движевме беше: од Планинарски Дом Вихрен - Казаните - Премката - врв Кутело I - Кутело II 2.908 мнв - седло Кончето - врв Бански Суходол 2.884 мнв - Премката - врв Вихрен 2.914 мнв (искачен од задната страна) - Планинарски Дом Вихрен.
Седлото Кончето кое се наоѓа помеѓу врвовите Кутело II и Бански Суходол е каменест и недобредојден, бидејќи се оди по самата ивица на која има поставено сајла и потребна голема внимателност за да се помине тој дел, а и искачувањето на врвот Вихрен од задната страна е искачување по карпи со голем нагиб на кои има поставено синџири, па така
групата беше распоредена секој со својата физичка спремност да достигне одредена цел.
- „Најголемиот дел од екипата ја помина целата патека, некои го искачија Кутело II и Вихрен додека имавме и група која го искачи само Вихрен по планинарската патека која е најпосетувана. Со оваа акција се покажа дека во нашиот Клуб ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија може да учествуват на акции сите членови кои сакат да планинарат без разлика на возраста. Се' што е потребно за планинарење е желба и акттивно планинарење со кое се доаѓа до кондициона подговеност за акциите“ велат од гевгелискиот планинарски спортски клуб „Кожуф“.


Last modified on Вторник, 03 Септември 2019 - 19:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.