Нови патокaзи на Кожуф поставени од членови на ПСК „Двете уши“

Сабота, 05 Октомври 2019

Новоформираното планинарско друштво од Гевгелија кое функционира само 10 месеци од своето функционирање „Двете уши“, активно е како на терен, така и во акции за означување на теренот.

Во соработка со Планинарската федерација на Македонија од страна на ПСК „Двете уши“ понудени се неколку рути на изведба на планинарски акции на искачување на Кожуф планина, а по одобрување од страна на ПФМ членовите на гевгелисиот планинарски клуб се пуштија на работа. Деновиве поставени се ознаки - патокази за искачување на Асан Чешма, врв Чичи Каја и Смрдлива вода по планинските патеки на Кожуф.

- „Патеката до Асан чешма е направена, ископана и означена од нас планинарите, по една густ шумски терен каде владеат сенките и свежиот планински воздух. Целата рута е означена за самостојно совладување на просторот до височините на Асан чешма која е лоцирана на 1.350 метри надморска височина, без никаква опасност да залуташ, зошто ознаките се поставени на неколку места долж патеката“ вели соговорникот на GevgelijaNET планинарот со 50 годишен планинарски „стаж“ Ване Митров.

Патеките кои ги расчистува и означува ПСК „Двете уши“ се нотирани во дневникот на рути од републички ранг во евиденцијата на Планинарската Федерација на Македонија.

Освен патеката до Асан Чешма, ја означивме самостојно ние членовите на клубот и патеката до Чичи Каја (1.760 мнв), а викендов тоа го направивме и на рутата до „Мала рупа“. Овде ни' се придружија 60-на планинари од Гевгелија и регионот. Ова е захтевна рута, искачувањето трае 5 часа и, секој нема стигнато до таму. Со ознаките поставени од клубот, мислиме истата акција на искачување да ја повториме и со други љубители кои се радознали да го доживеат искуството на искачување на „Мала рупа“.

Освен редовните неделни акции на планинарски искачувања низ Кожуф и учество на републички акции, планинарите од „Двете уши“ го добија на користење објектот на „Негорски минерални Бањи“ што е лоциран на Смрдлива вода. Неуморните планинари и самите мајстори од одделни занаетски струки се впуштија на работа за санација, реновирање и уредување на објектот кој треба да функционира како Планинарски дом од отворен тип.

Очекуваат и општински простор за одржување на нивните редовни состаноци кои сега ги одржуваат во салата на „Пензионерскиот дом“. - „Имаме потреба од простор со кој секојдневно ќе располагаме, бидејќи и бројот на членовите на друштвото се зголемува и потребни се контакти за планирања и договарања. Од формирањето на друштвото броевме 29 членови, а веќе за овие 10 месеци како постоиме нашиот број порасна на 56 членови“, вели Ване Митров, Претседател на Собранието на ПСК „Двете уши“.
Желбата за работа ја имаат, довербата од планинарите исто така, останува за просторот кој им треба за работа да ја добијат довербата и од надлежните во општината.

Имаат уште планови пред нив членовите на ПСК „Двете уши“, ама ете, Кожуф стои, планините стојат, па ќе има и нови акции за остварување и раскажување.


Last modified on Сабота, 05 Октомври 2019 - 17:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.