Јубилеен 15-ти планинарски меморијал Кангата

Вторник, 08 Октомври 2019

По 15-ти пат годинава членовите на ЗСПК „Кожуф“ со планинарски меморијален марш насловен и посветен на својот долгогодишен член-планинар Димитар Кангов Кангата му оддадоа почест со искачување на највисокиот врв на Кожуф планина, врвот Зелен Брег висок 2.166 м.н.в.

Носителот на меморијалот „Димитар Кангов - Кангата“ беше пасиониран љубител по висините и планините, по професија адвокат. И, како што знае да изненади животот, ненадејно почина на тлото на Кожув при искачување на врвот Ѕена висок 2.067 метри надморска височина на Кожуф планина од грчка страна. Тоа беше 2014 година. Од следната година, наместо помен, неговите колеги по планинарењето и членови на ЗПСК „Кожуф“ организираат планинарски меморијал по висините на Кожуф, на највисоката точка од гевгелиски Кожуф.

Оваа година во негова чест се собраа 180 учесници од кои 100 планинари и 80 ученици од основните и средните училишта од Гевгелија и Богданци. Осум планинарски друштва од шест општини од државата со вкупно 100-на членови беа дел од годинашниот Меморијал „Кангата“, и тоа:
1. ЗПК „Серта“ - Неготино
2. СПД „Фри Хајкерси“ - Неготино
3. СПД „Јаглика“ - Неготино
4. ПАОК „Ентузијаст“ - Струмица
5. СПК „Бистра“ - Скопје
6. Еколошка Групација „Green Power“ - Велес
7. СПК „Сосна“ - Берово

Мораме да го издвоиме ентузијазмот за планините и планинарењето на новите „регрути“ на природата, учениците од основните и средни училишта од Општините Гевгелија и Богданци, со населените места Стојаково и Миравци. Тоа се 80-на ученици од училиштата:
1. ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
2. ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија
3. ООУ „Климент Охридски“ Миравци
4. ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково
5. СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија
6. СОУ „Богданци“ Богданци

Стартот на големата и бројна екипа планинари и ученици започна од местото Алчак кој се наоѓа на височина од 1.600 м.н.в. па преку Таблата до Марково Езеро 2.035 мнв го искачија врвот „Зелен Брег“ 2.166 метри надморска височина. Откако сите учесници пристигнаа на целта, овде пред Спомен плочата во чест на Кангов се одржа пригоден говор за неговиот лик и дело. Пред Спомен плочата на Кангов, поставена на врвот Зелен Брег, со мислите за својот колега, организаторот на Меморијалот ЗПСК „Кожуф“ додели Благодарници на сите учесници на годинашниот Меморијал, планинарски клубови и друштва, училишта, организации, а традиционално се доделија и благодарници за најмладите учесници на меморијалот и највозрасен учесник.
За најмлади учесници на годинешниот меморијал беа прогласени Катерина Петрушева од Миравци со своите 10 години и Сара Пашалиска од Гевгелија исто така 10 годишна возраст, а додека за највозрасен учесник беше прогласен Вранковиќ Србољуб од Неготино со 70 годишна возраст.
По мала пауза на врвот учесниците се вратија назад по истата патека со што пропешачија 14 километри и совладоа висинска разлика од 618 метри.

Гевгелискиот планинарски спортски клуб „Кожуф“ упати благодарност до училиштата за соработката:
- „Оваа соработка ќе продолжи и во иднина како што сме обврзани со попишаните меморандуми за соработка помеѓу ЗПСК „КОЖУФ“ и училиштата. Оваа соработка веќе вродува со плод и во нашиот Клуб моментално има 25 членови до 18 годишна возраст, со што Клубот полека но сигурно ги враќа младите назад кон планинарењето и здравите навики за рекреативно спортување. Се надеваме дека ќе го достигниме бројот на млади од пред неколку години кој се движеше 40-45 млади до 18 годишна возраст“ изјави претседателот на клубот Ристо Каркалашев.
Тој се забагодари и за соработката со општина Гевгелија и градоначалникот Поцков за обезбедена партиципација за превоз за сите учесници на Меморијалот.

Од ЗПСК велат дека посветено продолжуваат со остварувањето на својата годишна програма на активности vo тековниот и во следните месеци до крајот на годината, како со локални акции, соработка со младите, така и во учество на акции од републички карактер и организација на Патронат на Планинарскиот Дом „Томе Шутов - Кротки 2019“ со искачување на врвот Двете Уши (1.766 мнв), што е манифестација од републички ранг во организација на гевгелискиот планинарски спортски клуб.

Last modified on Вторник, 08 Октомври 2019 - 14:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.