Топ Новости

Спортски викенд со Гевгелиските спортски клубови „Кожуф“

Понеделник, 11 Ноември 2019

Гевгелиските спортски клубови кои го носат името според нашата планина Кожуф(в)  викендов на спортските терени поминаа различно: фудбалерите победија над прилепска „Победа“, кошаркарите поразени од „Гостивар“, а планинарите го искачија врвот „Двете уши“ на Кожув планина.

Најтешко поминаа кошаркарите со 12 коша разлика помалку од домашниот тим „Гостивар“ со резултат 71:59. Во четвртините само во првата водевме со 1 бод разлика, втората и третата гостиварци дадоа 4, односно 1 кош повеќе, а четвртата четвртина нашите кошаркари останаа без ниту еден погодок, а гостиварци се „растурија“ од 18 погодоци во кошот на кожувци. Со овој триумф „Гостивар“ е лидер во кошаркарскиот шампионат.

Фудбалерите на „Кожуф“ на гостување во Прилеп одиграа за победа со резултат 0:1 на стадионот „Могилата“ над домашниот тим „Победа“. Единствениот погодок беше пласиран во 51-та минута од Лазаревски. Со тоа гевгелискиот фудбалски клуб останува во игра за највисок пласман. На контото имаат вкупно 26 бода со одиграни осум победи, два нерешени натпревари и два пораза, со што останиваат на третата позиција од Втората Македонска фудбалска лига - Исток - 12то Коло, пред ФК „Беласица“ која е прва со 28 поени и ФК „Брегалница 2008“ кој има 27 поени.

Викендов свој спортски ден имаа и планинарите од ЗСПК „Кожуф“ организирајќи го шестиот по ред меморијал „Томе Шутов Критки“. На истиот зедоа учество 70-на планинари од осум планинарски клубови од Скопје, Неготино, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Куманово и домаќините од Гевгелија. Во рамките на меморијалот беше искачен врвот „Двете уши“ (1.766 метри надморска височина). На сите учесници (претставници на планинарски клубови) организаторот им додели благодарници.


Last modified on Понеделник, 11 Ноември 2019 - 05:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.