Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Хуманитарна трка за болните од Пулмонална хипертензија низ Гевгелија, Богданци и Валандово

Понеделник, 02 Декември 2019

Вчерашниот неделен ден, 1 декември беше во знакот на хуманитарниот полумаратон од Валандово до Гевгелија, долг 35 километри, посветен на болните од Пулмонална хипертензија.

Организатори на маратонот се Здружението на граѓани на лица со пулмонална хипертензија „Момент плус“ од Гевгелија во соработка со општините од регионот и Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“.
Овој несекојдневен спортски настана свое деби имаше лани со организирање на 50 километарски маратон од Струмица до Гевгелија.

Годинава мотото на организаторите беше „Додека дишам се надевам“ порачувајќи дека „Секој заслужува подобар живот, а овие лица заболени од Пулмонална хипертензија секојдневно се борат за здув, за лек, за надеж“.

Маратонците вчера ја започнаа својата хуманитарна трка од центарот на Валандово каде ги испрати градоначалникот Петар Костадинов, а на најпосветената маратонка од Богданци учесничка на бројни маратони низ државата со логото за борба за лек на лицата со пулмонална хипертензија, Валентина Узунова градоначалникот и' додели Благодарница.

На маратонот се придружија и 30-на спортисти и рекреативци со цел подигање на свеста за постоењето на оваа ретка болест и потребата од соодветен третман на заболените од здравствените институции. Пред се' се мисли на обезбедување на потребната медикаментска терапија која е многу скапа. Меѓу нив имаше и рекреативци и атлетичари од Скопје, Велес, Струмица, Богданци и Дојран, како и припадници на Граничната полиција од Чешка.

Ова е втора хуманитарна трка во Гевгелија организирана од „Момент плус“ со цел да се укаже на потребата од навремена дијагностика и лекарски третман за сите заболени од оваа ретка но опака болест, за која терапискиот третман е особено скап.

Покровители на трката „Додека дишам се надевам“ се општините Гевгелија, Богданци и Валандово, како помагатели се јавуваат „Синотип“ и хотел „Скај“, а медицинската подршка беше обезбедена од тим на „Ројал Медика“.

За спортските моменти на слава споделена низ улиците на полумаратонската траса и низ плоштадот во Гевгелија, фото записи од Фејсбук профилот на Ѓургица Каева, претседател на организаторот ЗГПХ „Момонт плус“ од Гевгелија.


Last modified on Понеделник, 02 Декември 2019 - 21:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.