Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Седум врвови во зимски услови искачени од ПСК „Двете уши“ во јануари

Понеделник, 03 Февруари 2020

Планинарски спортски клуб „Двете Уши“ новата година ја започна со искачување на врвови на Кожуф планина. Искачени се седум врвови во текот на месец Јануари.
Предизвикот на овој млад планинарски спортски клуб во текот на зимската сезона на остварувања да не ја замре активноста, пред се' поради присуството на за нас питомата зима на југот, но и секогаш присутните изненадувања, а пред се уживања што ги пружаат патешествијата и искачувањата на нашата блиска планина Кожуф.

Вообичаен термин на планинарските мисии се викендите, а во текот на четирите јануарски викенди, членoвите на ПСК „Двете уши“ оствариле искажувања на седум врвови на Кожуф.
Во дневникот на истварувањата се нотирани:
- успешното искачување на врвот „Двете Уши“ 1. 766м.н.в на 04.01.2020 од Смрдлива Вода 650 мнв,
- потоа следуваше „Чичи Каја“ 1.767м.н.в 05.01.2020 исто така од Смрдлива Вода 650 м.н.в,
- К92 и Зелен Брег лоцирани на 2.166 м.н.в на 07.01.2020 со стартно место од околу 1.000 м.н.в,
- Од Алчак 1.650 м.н.в ги искачувавме врот „Порта“ местен на висина од 2.097 м.н.в на 15.01.2020 ,
- Се извишивме и до „Мала Рупа“ 2.004 м.н.в 19.01.2020 и
- на 26.01.2020 врвот „Ѕена“ 2.067 м.н.в. кој што планинарите го искачиле заедно со врвот „Зелен Брег“ 2.166 м.н.в.

Седум врвови искачени во зимски услови на Кожуф планина во месец Јануари беше нашиот предизвик кој успешно го остваривме и е знак за старт на успешна 2020 година, изјавуваат од раководството на ПСК „Двете уши“.

Скромните почетоци, а високите остварувања со над 70 реализирани акции во текот на 2019 и интензивниот старт на 2020 го најавува ангажираниот годишен акцијашки план на планинарски остварувања на членовите на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија. Препознаени по својата посветена планинарска мисија годинава исто како и лани ПСК „Двете уши“ станаа дел од годишната програма за поддршка на спортот во Општината која значи локална буџетска финансиска поддршка за нивните понатамошни програмски остварувања.


Last modified on Понеделник, 03 Февруари 2020 - 17:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.