Топ Новости

Фудбалерките на Македонија ја совладаа Црна Гора

Петок, 07 Јуни 2019

Пионерската репрезентацијата на Македонија неделава учествувајќи на меѓународниот младински турнир во Црна Гора, ја победи домаќинската репрезентација со 2:1 во првиот круг на трофејниот турнир „FSCG“.

Гостинките поведоа уште на почетокот во 8-та минута кога Кристина Мојсоска ја затресе мрежата на Црна Гора. Изедначување дојде во почетокот на втората половина - кога Ангела Тошковиќ ја поминаа од левата страна и центрираше кон Ивана Боричиќ, која се најде на вистинското место за шут кон голот.

Сепак, во финалето на натпреварот, Северна Македонија дојде до триумф. По брз контра-напад Сара Евтиџоска беше прецизна за да го донесе резултатот до 2:1 за Македонија.


ЦРНА ГОРА - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 1: 2
Стадион "ДГ Арена", Подгорица.

Судија: Зоран Баковиќ (Црна Гора).

стрелци:
0: 1 - Кристина Мојсоска, 8 минута,
1: 1 - Ивана Боричиќ 40 минута,
1: 2 - Сара Евтиџиоска во 69 минута.

Во составот на Македонската репрезентасија се: Катерина Ацевска, Велкова Радица, Едина Сулејмани, Ангела Зафироска, Миа Головска (од 65 Ера Стеблева), Михаела Настоска, (од 50 Анастасија Матеска), Кристина Мојсоска, Ива Јосифова (од 54' Миа Вежинова), Јована Павловска, Билјана Панеска, Сара Евтиџоска.
Селектор на РСМ репрезентацијата: Добро Димовски.

 

Last modified on Петок, 07 Јуни 2019 - 17:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.