Премија од по 20.000 EUR си самоизгласале членовите на УО на ФФМ

Вторник, 16 Февруари 2021

Македонската фудбалска репрезентација обезбеди пласман на Еуро 2021, а први со премија за успехот наместо играчите се почестиле членовите на Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија.

Вкупно 300.000 евра ќе чини луксузната награда за претседателот на ФФМ Сејдини и компанија на УО составена од 15 членови, кои сами си се почестиле за историскиот пласман на ЕП. Секој од членовите во џеб инкасирал точно по 20.000 евра што е за нијанса помалку од тоа што на пример дел од фудбалерите, кои беа само резерви и не играа на еден од двата баражи за пласман, го добија како дел од колачот од премијата вредна 3,2 милиони евра.

Реакции за себенаградувањето на управата од ФФМ искажа и Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, кој пред два дена откако ѝ објави војна на ФФМ, посочи дека луѓето во федерацијата работат само за лични интереси.

- „Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот уште ви е во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес“, објави меѓудругото Пандев во обраќањето.

Ова е само уште еден доказ за луксузирањето и неверојатните привилегии кои УО на ФФМ ги ужива, покрај веќе покачениот паушал за една седница месечно од скоро 500 евра, постојаните патувања и службени дневници, дневници за низ земјава, платен телефон.... Даниел Божиновски, Мартин Богатинов, Ферхан Хасани, Кристијан Тошевски, Енур Тотре добија 25.000 евра премија за пласманот, како фудбалери кои биле резерва барем на еден меч, а сега како многу заслужни за пласманот.

Македонија за пласманот на Евро 2021 доби премија од 9,25 милиони евра од УЕФА.


Премиите поделени помеѓу членовите на Управен одбор на #ФФМ за пласман на европското првенство предизвикаа негативни коментари на социјалните мрежи.
- „Тие со својата игра и голови се најзаслужни за пласманот и затоа си поделиле премија која до сега не беше излезена во јавноста. Затоа тонат фудбалските лиги во Македонија! Затоа тонат фудбалските клубови во Македонија!“ - напишаа од Прва лига.

Фотографија превземана од: Спорт1.мк

Премиите поделени помеѓу членовите на Управен одбор на #ФФМ за пласман на европското првенство! Тие со својата игра и...

Posted by Прва Лига on Tuesday, February 16, 2021
Новинарот Боби Илиевски со список од исплатените премии и ироничен коментар: - „Премијата што си ја поделиле членовите на Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија. Тие, нели со своите голови се најзаслужни за пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство????“ - напиша тој на Фејсбук.

Премијата што си ја поделиле членовите на Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија. Тие, нели со своите голови се најзаслужни за пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство????

Posted by Bobi Ilievski on Tuesday, February 16, 2021
Last modified on Среда, 17 Февруари 2021 - 13:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.