РК „Партизан“ победник на „Јуниор Куп“ за Југоисток

Недела, 25 Ноември 2018

Со победа на гевгелиските ракометни јуниори од РК „Партизан“ денеска заврши Првиот Јуниорски куп за Југоситокот

 

 

Со победа на гевгелиските ракометни јуниори од РК „Партизан“ денеска заврши Првиот Јуниорски куп за Југоситокот, што се одржа во спортската сала „Млаз“ во Богданци.

На Купот учествуваа четири јуниорски екипи од Гевгелија, Богданци, Струмица и Неготино. Во финалниот дуел настапија РК „Партизан“ од Гевгелија и РК „Вардар“ од Неготино, а победата ја понесоа гевгеличаните со резултат 37:25. Победата со 12 голови разлика беше заслужна за дипломата за освоеното прво место и победничкиот пехар за најдобрите од Првиот Јуниорки Куп одржан на Југоистокот.

РК „Партизан“ беше убедлив и во првиот дел од Купот победувајќи ја екипата на РК „Астарион“ од Струмица со резултат 21:18.
Освен Дипломата и Пехарот за најдобра екипа и освоено прво место на Купот, гевгелиските ракометни јуниори освоија и награда за најдобар играч, која ја понесе младиот Тодор Узунчев.

На Купот беа доделени и награди за второ и трето пласираната екипа и награда за најдобар стрелец.
Од страна на домаќините се натпреваруваше РК „Младост“ од Богданци, кои беа доследни организатори на овој прв куп од ваков вид за јуниорите ракометари.
Се на се' богат и исполнет спортски ден за ракометните јуниори кои на овој начин искажаа спремност да го неговаат ракометот и да бидат доследни наследници на сениорските екипни состави од југоистокот на Макеоднија.

 

Тодор Узунчев, член на РК „Партизан“ од Гевгелија со освоената награда за најдобар играч на Првиот Јуниорски ракометен Куп за Југоистокот на Македонија

Учесниците, организаторите и наградените на Првиот Јуниорски ракометен Куп во Богданци

 

Last modified on Недела, 25 Ноември 2018 - 20:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.