Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Планинарски средби Етрополе Бугарија

Понеделник, 28 Јануари 2019

Три планинарски клуба од Македонија заедно со гевгелиски ЗСПК „Кожуф“  виќендов учествуваа на меѓународните планинарски средби Етрополе во Бугарија

 

 

Три планинарски клуба од Македонија заедно со гевгелиски ЗСПК „Кожуф“ виќендов учествуваа на меѓународните планинарски средби Етрополе во Бугарија.

На манифестацијата, организирана изминатиот викенд, учествуваа преку 200 планинари од Бугарија, а нашата држава ја претставуваа покрај 9-мина членови на гевгелискиот Планинарски Клуб „Кожуф“, СПАОК „Антигонеа“ од Неготино, како и ПАОК Ентузијаст Струмица.

Освен искачувањето на врвот Св.Атанас кој се наоѓа веднаш над град Етрополе, сместен на 545 метри надморска височина, во живописната котлина на реката Мала Искра, скриен во северните падини на Стара Планина, во подножјето на планината Баба, планинарите учествуваат и на несекојдневната забавна програма организирана од жителите на градот Етрополе.  Традиционално, на самиот врв Св.Атанас посетителите планинари палат огнови на кои печат месо, приготвуваат топли напивки, се играт и пејат песни со кои ја испраќат зимата а ја повикуват пролета.

- „Во саботата (26 јануари) имавме планинарска акција со старт од град Етрополе до манастир Св.Тројца (траса од 5 км), Етрополскиот водопад и назад до Етрополе, за вечерта во хотел Еверест имаше дружење со сите планинари и заедничка вечера. Неделата (27 јануари) продолживме со активностие кои беа предвидени од нашиот домаќин и имавме искачување на врв Св. Атанас. На самиот врв не пречека Градоначалникот на Етрополе и сите планинари палејќи логорски огнови на кои печеа месо, низ игра и песни направија прекрасно меѓународно дружење. Откако се спуштивме од врвот кон градот се формираше колона од планинарите и деца облечени во нивните стари традиционални носии па се упативме до центарот на Етрополе каде се одржа пригодна забавна програма по повод нивниот празник“, ни изјави претседателот на ЗСПК „Кожуф“ Ристо Каркалашев.

Св.Атанас е уникатен тракиски празник поврзен со бог Сабазиј со испраќање на зимата, а доаѓање на пролета. Тоа секако е посебна поволност на планинарите да ги посетуваат висините во поблаги климатски и природни услови.

Од ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија белат дека се целосно посветени околу реализацијата на нивните програмски активности за тековната 2019 година. Учеството на планинарските средби во Бугарија е четврта акција реализирана годинава и со елан најавуваат дека продолжуват понатаму со програмските остварувања.

 

Last modified on Понеделник, 28 Јануари 2019 - 23:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.