Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Планинарски подмладок - нов проект на ЗСПК „Кожуф“ Гевгелија

Среда, 30 Јануари 2019

Планинарски Камп за Млади на Кожуф планина, едукација за планината и планинарењето, училишни акции на Кожуф планина со ученици од локалните училиште од регионот

 

 

Популаризација на планинарските спортови е една од посебните активности на Здружението на планинарски спортски клуб „Кожуф“ Гевгелија, во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Минатиот месец се одржа првата од трите обуки за стекнување на лиценца младински планинарски лидер во организација на Младинската Комисија при Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија. Од Гевгелија, претставник на оваа обука беше младиот планинар Кристијан Атанасовски. Комисијата овие денови започна со регионализација за подобра комуникација со планинарските друштва/клубови кои работат со млади за афирмација на планинарскиот спорт, па се избрани кординатори поделени во 8 региони на територијата на Република Македонија.

Гевгелискиот планинар Кристијан Атанасовски е назначен за кординатор на Југоисточен односно Беласичко - огражденски планински регион, и ги опфаќа следните планини, градови и општини.
планини: Беласица, Огражден, Кожуф, Плачковица, Серта (Конечка планина, Градечка Планина и Плауш), Кара Балија;
градови: Струмица, Радовиш, Гевгелија;
општини: Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш, Конче, Гевгелија, Дојран, Валандово, Богданци.

Задачите на координаторите ќе бидат:
-комуникација со планинарските друштва/клубови во тој регион и младинската комисија;
-организација на настани за млади во тој регион;
-едукација на планинарските клубови кои ќе работат со млади во тој регион;
-учество во донесувањето на програмата за едукација со млади на МК итн.

Гевгелискиот планинарски клуб од следниот месец февруари предвидува да одржи предавања по основните училиштата во општина Гевгелија и Богданци, каде тема на предавањата ке бидат планинарство и планинарска Опрема. Предавањата ќе ги врши планинар од Делчево Љупчо Чучуковски кој е лиценциран планинарски водич и е назначен од ФПСМ за држење предавања во овој регион. Предавањата имаат за цел да ги запознаат младите со планинарството и придобивките од него.

Во јуни месец ЗСПК ќе организира за прв пат Планинарски Камп за Млади на Кожуф планина, кој се организира во соработка со Младинската Комисија при ФПСМ. Покрај едукативниот дел со предавања ќе има и прошетки за учесниците низ Кожуф планина.
ЗСПК „Кожуф“ Гевгелија деновиве потпиша меморандуми за соработка со сите основни и средни училишта во општина Гевгелија и општина Богданци со што се обврзаа заедно да организираат излети во природа, планинарски акции како и предавања за планинарење со цел најмладите ги запознаат придобивките од планинарството.

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија со овие активности ќе се потруди да ги запознае младите со природата и планинарството и да ги отргне од секојдневието на модерната технологија со кои се опседнати.

 

Last modified on Среда, 30 Јануари 2019 - 20:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.