Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Над 500 планинари на врвот Клепа во сеќавање на Калина и Александар

Недела, 10 Февруари 2019

Дванаесет члена екипа од гевгелискиот планинарски спортски клуб „Кожуф“ во друштво со над 500 планинари од Македонија и од планинарскиот клуб „Железничар 2006" од Врање денеска се искачија на врвот Клепа на надморска височина од 1.150 метри, во спомен на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски 

 

 

Дванаесет члена екипа од гевгелискиот планинарски спортски клуб „Кожуф“ во друштво со над 500 планинари од Македонија и од планинарскиот клуб „Железничар 2006" од Врање денеска се искачија на врвот Клепа на надморска височина од 1.150 метри н.в., во спомен на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски кои на денешен ден (10 февруари) пред една година загинаа на Кајмакчалан.

Искачувањето го организираа општините Градско и Росоман и еколошките друштва „Грин Пауер” од Велес и „Планинарски предизвик 12 врвови” акција на ПД „Трансверзалец”.

Како што раскажа планинарот Веле Коцев од село Сирково, член на ПСК „Бистра” од Скопје, лани и Калина учествувала на овој поход и заедно со останатите засадила свое дрвце кое го оградила со три камења. Денеска во нејзин и спомен на Александар учесниците на походот над теренот над село Сирково кон село Подлес засадија околу 500 зимзелени дрвца. Меѓу нив се и засадените дрвца од 12-те гевгелиски планинари од ЗСПК „Кожуф“.


Искачувањето кон врвот Клепа беше во две тури една од село Сирково до Подлешко Езеро во должина од седум километри која беше полесната тура за почетници и втората тура од Подлешко Езеро до врвот Клепе во должина од 12-тина километри која ја организира ПД „Чеплес” од Велес. Двете тури со вкупна должина од 20 тина километри,.

По напорното неколкучасовно искачување по стрмен терен кон врвот Клепа, сите учесници се спуштија во манастирот „Св.Архангел Михаел” во близина на село Горно Чичево, а каде се одморија и се дружеа на заеднички ручек обезбеден од организаторите и војничко гравче од Велешкиот гарнизон на АРМ.

Целта на ова веќе традиционално планинарење на Клепа е да се поттикне руралното и градско население на помасовно планинарење.
– „Ние сме веќе презадоволни од масовноста бидејќи лани имаше 350, а годинава над 500 учесници“, со задоволство потенцираа организаторите.

Инаку врвот Клепа поради стратешката местоположба долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта. Со ова искачувањето на Клепа покрај меморијалот за Калина и Александар има и своја историска и ново пријателска димензија меѓу планинарите од Македонија, регионот и локалното население од терените на Кајмакчалан.



Учеството на гевгелиските планинари на искачувањето на врвот Клепа е втора републичка акција за годинава. Првата републичка акција беше минатиот викенд кога девет членови на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија учествуваа на акцијата за искачување на врв Волчјак на Серта лоциран на 1.159 метри надморска височина. Акцијата беше во организација на Планинарско Друштво „Транзверзалец“ Скопје и е дел од акцијата „Планинарски Предизвик 12 врвови“.

 

Last modified on Недела, 10 Февруари 2019 - 23:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.