Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Планинарите на „Кожуф“ по патеките на Февруарскиот поход

Недела, 17 Февруари 2019

По повод одбележување на 75 годишнината на Февруарскиот Поход ПСД „Орле“ од Кавадарци денеска организираше акција на искачување од Мушов Гроб преку Смрдла (1.384 мнв)

 

 

По повод одбележување на 75 годишнината на Февруарскиот Поход ПСД „Орле“ од Кавадарци денеска организираше акција на искачување од Мушов Гроб преку Смрдла (1.384 мнв) до одмаралиштето Михајлово, што е дел од движењето на партизанските единици на НОВ од историски значајниот маневарски поход, т.н февруарски поход.

Планинарите на свои нозе ги почувствуваа условите на историското движење на партизанските единици, но со насмевки и сеќавање на нивната решителност во зимски услови, со скудна опрема да ги пребродат територијалните и временски дистанци за да му возвратат на непријателот.

Меѓу стотоците учесници на меморијалната акција на „Орле“ по повод 75 годишниот јубилеј на искучителните напори на некогашните наши борци партизани беше и 19-члена екипа од ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија.

Патеката по која се движеа ги дочека со снег во амбиентални февруарски услови, а се движеше од Мушов Гроб - Смрдла - Михајлово.

- „Стартот беше од раскрсницата за Конопиште и Мрежичко 950 мнв (Мушов Гроб), продолживме и пред нас се појави првото искачување на Криви Рид 1.202 мнв. Овој дел од патеката беше и најтежок, потоа патеката се израмни и поминавме низ една убава природа од разнолика шума. Највисоката точка што ја искачивме беше 1.384 мнв кај антените (Смрдла), од тука патеката е со мало спуштање до караулата Михајлово (1.250 мнв), а по патот се упативме до одмаралиштето Михајлово (1.140 мнв)“, ни изјави претседатлот на ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија, Ристо Каркалашев.

Тој со задоволство истакна дека бројните планинари беа и најмладите учесници на меморијалот за Февруарскиот поход. Тоа се Стефан Јанев (9 години) и Александар Јанев (11 годишен).

 



Фото: Подмладокот на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија - Стефан и Александар на меморијалот по повод 75 години од Февруарскиот поход - преку Мушов гроб ја искачија Смрдла (1.384 мнв)

Февруарски поход е храбриот маневарски чин реализиран од Народноослободителната војска на Македонија, која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија.

Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во Мегленско, Егејска Македонија, јужно од Кожуф, се наоѓала главнината на македонската војска со партиското и военото раководство. По формирањето на Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година во селото Фуштани, Главниот штаб на НОВ и ПОМ формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во Тиквешко, Гевгелиско и во Мариовско.

Борбените активности ги предизвикале германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против партизанските сили во Мегленско, кое го користеле како своја оперативна база. Во Првата офанзива, што траела од 4 до 8 јануари 1944 година, учествувале само германските војници од Солун и Воден, а во Втората офанзива, покрај германски, учествувале и бугарски единици од 17 дивизија во Штип, и траеле од 16 до 20 јануари 1944 година.

По завршувањето на овие офанзиви во кои партизанските сили биле победници, Главниот штаб оценил дека се создадени услови воените операции на македонските сили од Мегленско да се насочат кон централна, западна и источна Македонија. За таа цел, Главниот штаб го направил следниот план:

Првата борбена група, која ја сочинувала Првата македонско-косовска бригада, требало изутрината на 31 јануари 1944 година од селото Бахово да тргне преку Мариово, Азот и Порече кон западна Македонија.
Втората борбена група, која ја сочинувала Втората македонска бригада, требало изутрината на 31 јануари 1944 година да тргне од селото Зборско во борбени акции во реонот на Тиквешко и Гевгелиско, со задача на себе да привлече што повеќе непријателска војска за да им го олесни пробивањето на Првата и на Втората борбена група.
Третата борбена група, наречена Тичова група, што ја сочинувале еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ заедно со Главниот штаб требало да тргне истиот ден, од селото Зборско преку Беласица, Плачковица и Осогово да дојде до Кумановско. Откако ја преминала реката Вардар во близина на Солун, оваа група по десетина дена пристигнала во Источна Македонија.
Така започнале борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто.

По Пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.



 

 

Last modified on Недела, 17 Февруари 2019 - 22:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.