Топ Новости

ПСК „Двете уши“ со 15 акции од основањето

Среда, 20 Февруари 2019

Неуморните членови на новиот гевгелиски планинарски клуб „Двете уши“ за три месеци од основањето реализираа 15 планинарски акции 

 

 

Неуморните членови на новиот гевгелиски планинарски клуб „Двете уши“ за три месеци од основањето реализираа 15 планинарски акции, што е нивен мини јубилеј и приказ на интензивната програма на остварувања со пет акции во текот на месецот.
Таквиот тренд на реализација се должи на активната динамика на планинарски остварувања по една акција секоја недела, што од своето формирање на 23 ноември 2018 па се' до денеска планинарите ја остваруваат со зголемен интензитет.

Во 2018 година беа посветени на реализација на активности на Кожуф планина по чиј врв се именувани како друштво. Во списокот на остварувања се различни планински патеки низ висините на Кожуф, и тоа:
с.Конско-врв Двете Уши,
Смрдлива Вода-Исирова Пресека-Настрешница,
Смрдлива Вода-врв Чичи Каја,
с.Конско-Караула во с.Ума
На списокот на реализација е и дводневна планинарска акција на планината Беласица и најголемиот настан, Меѓународниот ден на планината Матка 2018 организран од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

Во 2019 година темпото на реализација продолжува секоја недела меѓу кои се:
Старо село-Негорци,
Гевгелија-с.Кованец-м.в.Рампа,
Конско- врв Двете Уши,
Смрдлива Вода-Исирова Пресека-Водопад,
с.Конско-с.Серменин,
Петрово-п.д. Висока Чука,
Асан чешма-Зелен брег,
Кочулски водопади во Валандово и
врв Клепа.

За интересот за учество на нивите акции зборува самиот претседател, Пепи Аврамов:

- „Нашето друштво брои 50 активни планинари. Секоја акција е различна и бројот на учесници зависи од тежината на акцијата и приватните обврски на планинарите. Учествувавме на најмасовната организирана планинарска републичка акција за оваа година, во која учество земаа околу 500 планинари, а тоа е искачувањето на врвот Клепа 1.150 мнв. кој се случи на 10.02.2019 година“, известуваат од раководниот тим на ПСК „Двете уши“.

Ова новоформирано планинарско друштво од Гевгелија, кое опстојува правно близу три месеци, успеа да привлече нови членови, бидејќи од првото интервју за ГевгелијаНЕТ до сега бројот на планинари-членови на друштвото се зголемил од 29 на 50. Денеска дознаваме дека тие ја добиваат и довербата од локалната самоуправа во Гевгелија, која што им одвојува буџетски средства за поддршка на нивните активности преку Програмата за спорт за 2019 година. Со тоа добиваат и финансиска верификација на нивниот напредок во работата на ПСК „Двете уши“.

Без да ги чекаат официјалните одобрувања од локалниот општински Совет тие веќе посветено работат на реализација на нивната програма со наведените девет акции спроведени во првите два месеца од годината.
- „За оваа година планираме да реализираме 50 акции. Задоволни сме со успехот кој до денес го остваривме и работиме на тоа да го омасовиме планинарскиот спорт во нашата општина“ вели претседателот на клубот Аврамов.



За договорните активности на овие скромни а посветени на планинарењето наши сограѓани ги запрашавме дали имаат простор за средби и договарања на нивните акции. Ни' рекоа дека засега ги користат просториите на Пензионерскиот дом во Гевгелија каде го одржаа минатата година и своето оснивачко Собрание. Продолжија секоја среда во 19.00 часот со одржување редовни состаноци со членовите планиари.

- „Испративме барање до нашата матична општина со молба да ни додели просторија која би била наше постојано седиште. Остваривме официјална средба и со нашиот градоначалник и го запознавме со ова наше барање и добивме ветување дека во најскоро време ќе ни обезбедат соодветна просторија“, ги најавија своите надежи за просторно обезбедување од гевгелискиот планинарски клуб.

И, додека надлежните одлучуваат, планинарите не мируваат.
Следниот предизвик на членовите на „Двете уши“ е да ја реализираат планираната акција за овој викенд (23 и 24 Февруари 2019 година), а тоа е зимско искачување на највисокиот врв на Балканот, врв Мусала (2.925 мнв) на планината Рила во соседна Бугарија.

Им посакуваме развиорено знаме на „Двете уши“ од Рила. 
За тоа какви се' природни убавини среќаваат планинарите на своите патешествија, еве една снимка реализирана на терен од акциите на ПСК „Двете уши“.

 

Last modified on Среда, 20 Февруари 2019 - 18:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.