Топ Новости

На меморијалот до Ума од 6 до 76 годишна возраст

Вторник, 16 Април 2019

 

26-от Традиционален Планинарски Марш „Перо Илиевски“ што се одржа викендов на Кожуф планина, постигна генерациски рекорд, со учесници од седумдецениски распон, од 6 години најмладиот, па до 76 години најстариот учесник. Маршот го одбележа генерациската разноликост, и старо и младо беше на планинарскиот традиционален собир на Ума. Најмладиот учесник беше Ѓорги Ангелков од Неготино кој со својата детска упорност на 6 годишна возраст уживаше во планинските патеки заедно со возрасните.

Честа да се биде најстар учесник ја заслужи гевгеличанец Кочев Лазо кој со своите 76 години беше за пример на останатите дека природата и планинарењето можат да дарат само здравје за тие кои ја сакаат и редовно посетуваат. Нему му беше доделена благодарница за најстар учесник на маршот.


Планинското село Ума и традицијата и годинава собраа над 200-ни планинари на традиционалниот планинарски марш „Перо Илиевски“ 2019. Истиот се одржа викендов во организазија на гевгелискиот спортко планинарски клуб „Кожуф“ како дел од активностите од календарот на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Со тоа акцијата има републички карактер и е прва од ваков вид годинава во организација на ЗСПК „Кожуф“.

Трасата на маршот е вообичаено иста: со маршута с.Конско - Планинарски Дом „Томе Шутов Кротки“ - с.Ума - Лековита Вода. Неа ја изминаа сите учесници: стотината ученици од шест општински училишта од југот и уште шест планинарски клубови од пет градови од државата заедно со организаторот. Тука беа: ПСК „Чеплес“ Велес, ПК „Македон“ Скопје, СПД „Ариш Аурора“ Скопје, СПК „Серта“ Неготино и ПАОК „Ентузијаст“ Струмица.


Со организиран превоз од страна на организаторот учесниците од Гевгелија се упатија до с.Конско, а од таму до Планинарскиот Дом „Томе Шутов - Кротки“ каде за сите учесници имаше обезбедено чај. По краткото закрепнување од патувањето, по собирот на сите учесници во домот, започна маршот со пешачење кон селото Ума. По патеката учесниците се движеа полека и низ разговор и смеа сите пристигнааа безбедни и освежени од чистиот воздух.

Почеста кон патронот на маршот „Перо Илиевски“ се одржа пред спомен плочата поставена во селото Ума во спомен на овој меморијал. Овде од името на организаторот со пригоден збор до присутните се обрати
Александра Караманова, секретар ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија. Потоа, од името на организаторот беа доделени благодарници за учесниците на маршот. Најпрво на училиштата кои со присуството на учениците на маршот ја популаризираат рекреацијата и планинарството меѓу младите. На листата на добитници на благодарници беа Општинските основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, „Климент Охридски“ од Миравци, „Кирил и Методиј“ од Стојаково и Општинските средни училишта „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и СОУ „Богданци“ од Богданци.

Благодарници добија и петте гостински планинарски клуба од пет градови од државата, како и редовните покровители на маршот: Месната заедница Ума, Црковен Одбор Ума, локалното комунално претпријатие од Гевгелија „Комуналец“ и бизнисменот Начо Ќичуков.

Благодарниците ги додели од име на организаторот, претседателот на ЗСПК „Кожуф“, Ристо Каркалашев.


По свечените почести за заслужните учесници, во дворот на црквата беше поделен ручек, планинарско гравче за сите посетители на меморијалот. Потоа следуваше трасата за враќање до Лековита Вода, од каде со организиран превоз планинарите се вратија во Гевгелија.


Првата републичка акција помина во одлична организациска поставеност, со добро време и бројност која секогаш го одбележува овој мморијал.

Според годишниот календар на активности, до крајот на годината ЗПСК „Кожуф“ ќе организира уште три републички акции. Календарски најблиската е мајскиот меморијал посветен за д-р Ѓеорги Петков, (нашиот гевгелиски патник кон Монт Еверест) со искачување на врвот Мала Рупа 2.004 м.н.в. на Кожуф планина. Овој е прв меморијал за д-р Петков, во чест на неговата неуморна љубов кон висините и несреќниот поход на „Капата на светот“ - Еверест каде замина во вечноста со погледот кон висините, на 800 метри до целта.
По повод настанот, ЗПСК „Кожуф“ веќе започнува со подготовките - најпрво со обележување на трасата со планинарски знаци и патокази на патеката по која планинарите ќе го искачуваат врвот Мала Рупа 2.004 м.н.в. Организаторот планира настанот да биде традиционален поради што во текот на самата акција ќе биде поставена спомен плоча за патронот на меморијалот д-р Ѓеорги Петков, на самиот врв од неговиот сакан Кожуф, за да ги потсетува на него и да навраќаат секоја година во спомен на неговата неуморна желба кон висините и планините.

 

 

Last modified on Вторник, 16 Април 2019 - 21:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.