Топ Новости

Првомајски трки во Стојаково

Среда, 24 Април 2019


Шеесетиосум годишната традиција во село Стојаково, општина Богданци, продолжува и годинава со организирање на првомајски трки.

Учесници на трките се самите жители на Стојаково, чешит луѓе, кои освен забава, рекреација и спортски дух, на ваков начин ги одбележуваат вековните традиции на своите предци. Трките опфаќаат неколку категории: трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди и влечење со јаже.
Дисциплините се многу па затоа и активностите се предвидени да траат од 10 до 13 часот, на 1 Мај, на средсело во Стојаково.

Традицијата датира уште од далечната 1951 година кога домаќинска гордост била да се има коњ за полските работи, да се има магаре за товарење дрвја, гранки од црници, за транспорт на намирници за домаќинството. Овие вредни луѓе знаеле од целогодишната работа да направат и забава, која еве опстојува и до денешни денови со посветената заложба на сегашните генерации стојачани да ги организираат првомајските трки.
Сениори, јуниори, машки и женски, тркачи, велосипедисти, јавачи, скокачи и влекачи на јаже, заедно со бројната публика вака во Стојаково ги одбележуваат традициите започнати од своите соселани во минатиот век, вака со одбележување на народната спортска креатива го празнуваат и Меѓународниот Ден на трудот.

 

 

Last modified on Среда, 24 Април 2019 - 21:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.