Топ Новости

Прв меморијал за „Д-р Георги Петков“ реализиран до врвот Мала рупа на Кожуф

Понеделник, 20 Мај 2019

Хималајскиот патник и долгогодишен член на гевгелиското планинарско друштво Д-р Георги Петков вчера беше чествуван со меморијал организиран во негова чест и спомен, а во органзација на ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија со искачување на врвот „Мала рупа“ висок 2.004 мнв на Кожуф планина.

Ова е прв меморијал за него, организиран и со поддршка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија која го одбележа како дел од годишната програма на активности на ЗСПК „Кожуф“ и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Меморијалот се одржува една година по смртта на Д-р Петков минатата година која го спречи во остварувањето на последната етапа за искачување на највисокиот врв во светот Монт Еверест 8.848 м.н.в.
Издишувајќи во белината од сег и сончевата светлина на дофат на највисокиот светски врв, Георги како вистински и посветен планинар се спои со планината и висините, па токму затоа на најсоодветен начин со планинарски меморијал, неговите членови планинари од Гевгелија, колеги и другари по висините на ваков начин му оддаваат годишна почест за неговите достигнивања, спомен за респект за неговите реализирани акции и потсетување на неговиот лик и дело.

Вчера 19ти маj Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија беше организатор и домаќин на Меморијал Д-р Петков Ѓеорги 2019. Со гордост објавуваат дека настанот има републички карактер и дека планираат во иднина да го продолжат споменот за Д-р Петков со прераснување на меморијалот во традиционален и негово организирање секоја година во мај, месецот кога Георги ги искачуваше Хималаите и ја остави последната воздишка на тој најпознат планински масив од светот.

На првиот меморијал беа поканети повеќе планинарски друштва и клубови, а од сите нив учествуво зедоа:
- ПСК „СЕРТА“ од Неготино
- ПСК „Фрее Хајкерси“ од Неготино
- ТД „Калабак“ од Петрич, Бугарија
и заедно со членовите на ЗПСК КОЖУФ формираа бројка од 50 учесниции. Сите тие ја поминаа патеката која започнува од Алчак - Таблата - Марково Езеро - врв Мала Рупа 2004м. и се вратија назад по истата патека, со поминување на должинска рута од 20 километри.
Во текот на целата патека од меморијалот, екипа од Медицински центар Гевгелија со возило и медицинска екипа ги придружуваа учесниците, поради што организаторите искажуваат посебна благодарност за ваквата поддршка на здравствените работници од Гевгелија.

Најстар учесник на меморијалот беше гевгеличанецот Лазо Кочев на 76 годишна возраст. Најмалади учесници беа Лазар Ангов (16) и Петар Танев (17). За нив како истакнати по истрајноста и потстрек за младите членови беа доделени благодарници за учество. Благодарници од името на организаторот беа доделени и на сите планинарски клубови кои со свои членови учествуваа на првиот „Меморијал Георги Петков 2019“.

Д-р Петков е роден 1956г. во с.Стојаково Гевгелиско, тој работеше во гевгелиската болница како специјалист инфектолог, долги години се занимаваше со планинарство и беше член на Планинарското Друштво „Кожуф“ од Гевгелија.
Д-р Петков низ годините поминати како планинар учествуваше во повеќе големи експедициим искачувајќи неколку континентални врвови, и тоа:
- Арарат на 5.137 метри надморска висина
- Аконкагва 6.962 мнв
- Килиманџаро 5.895 мнв
- Елбрус 5.642 мнв
- Пик Ленин 7.134 мнв
- Исланд Пик 6.198 мнв
- учествуваше и во експедиција за искачување на највисокиот врв на Аљаска, Денали 6.190 мнв.
Неговиот сон беше да ги искачи највисоките врвови на сите континенти, па во 2018 година појде во експедиција за искачување на Еверест 8.848 надморска висина- највисокиот врв во светот.
Но, за жал сонот за искачување на Еверест остана нереализиран до крај. Почина во обид на искачување на последните 800 метри од врвот Монт Еверест, наречен „Капата на светот“.
ЗПСК Кожуф, Општина Гевгелија и Федерацијата за Планинарство направија се’ за да се донесе телото на Д-р Петков во родниот крај, и тој денес почива во своето родно место Стојаково.

За д-р Петков планинарењето беше благородна навика во која тој се трудеше да живее во хармонија со себе, со блиските и со природата.

Достојни на ваквите определби кои ги красат вистинските планинари од ЗПСК „КОЖУФ“ Гевгелија изјавуваат дека продолжуваат со своите активности и акции, па во периодот кој следува и љубителите на природата, кои сакаат да ни се придружат, ќе бидат информирани навреме за секоја нивна активност.

 

Last modified on Понеделник, 20 Мај 2019 - 11:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.