Топ Новости

ПСК „Двете уши“ постави обележје на врвот Мала рупа во сеќавање на д-р Георги Петков

Вторник, 21 Мај 2019

- „Во чест на нашиот гевгелиски алпинист Георги Петков кој трагично загина на Монт Ееверест, ние планинарите од ПСК „Двете уши“ во негов спомен, со желба, и со срце, и со душа, сите заеднички го направивме ова обележје како знак на сеќавање да остане за на век да се сеќаваме на него и неговата храброст“, изјави планинарот Ване Митров, член на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија.

Наместо помен, а во спомен на годишнината од заминувањето на првиот гевгелиски патник кон Хималаите, д-р Георги Петков, инаку долгогодишен член на гевгелиското планинарско друштво „Кожуф“, неговите колеги по висините вчера го чествуваа со меморијал во негова чест и спомен, со искачување на врвот „Мала рупа“ висок 2.004 мнв на Кожуф планина.
Планинарите од ПСК „Двете уши“ и самите со дведецениски „стаж“ во ПД „Кожуф“ и исто толку остварено другарство и реализирани заеднички акции со д-р Петков, на свој начин во ист ден во негова чест ја искачија „Мала рупа“ и од висините на Кожуф ја упатија пораката за незаборав за својот другар по висините, планините, човек, лекар и хуманист, д-р Петков.

Гевгелискиот планинар и алпинист, специјалист инфектолог д-р Георги Петков, пред една година, на 19 мај 2018 несреќно почина од срцев арест при искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

Општина Гевгелија му додели постхумно Плаќета за животни и спортски достигнувања „7-ми Ноември“, матичниот клуб ЗПСК „Кожуф“ му посвети планинарски меморијал, а другарите планинари од ПСК „Двете уши“ му посветија обележје на врвот Мала рупа кое ќе прерасне во традиционален меморијал посветен на Георги Петков во организација на најстариот планинарски клуб од Гевгелија, а со поддршка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.


Солзите ќе ги задушиме. Храбрите не се оплакуваат, туку се слават. Ќе гледаме во сонцето од висините на Мала рупа и ќе се сеќаваме на погледот на Георги од покривот на светот од каде се спои со вечноста и незаборавот.


Last modified on Вторник, 21 Мај 2019 - 10:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.