Топ Новости

Прво место за РК „Партизан“ на Четвртиот јуниорски Куп Југоисток

Недела, 26 Мај 2019

Денеска во Спортската сала „26 Април“ во Гевгелија се одржа Четвртиот Јукиорски КУП за Југоистокот, во организација на Ракометниот клуб „Партизан“ од Гевгелија, а под покровителство на Општина Гевгелија.

На Купот настапија јуниорските екипи на „Партизан“ од Гевгелија, РК „Младост“ од Богданци, РК „Астраион“ од Струмица и РК „Вардар“ од Неготино.

Домаќинскиот тим во финалето се сретна со РК Младост и освои победа и пехар за освоено Прво место на Купот. РК „Партизан“ на својата ФБ страна најави дека е добитник на четвртиот пехар од Купот на Југоисток. Освен пехарот за најдобар тим, од редовите на гевгелиски „Партизан“ е и прогласениот најдобар играч на Купот - Тодор Узунчев!

- „Нашите пионери се изборија на претходните купови, освоија три пехари, а сега се покажавме дека успехот не е случаен, дури и како домаќини се покажавме во најдобро светло пред публиката“, изјавија од гевгелискиот ракометен клуб.

Освен награда за најуспешен тим и најдобар играч, на Купот беа доделени и награди за најдобар голман и најдобар стрелец. Васил Демерџиев ја понесе дипломата за најдобар голман на Четвртиот Јуниорски Куп одржан во Гевгелија, а за најдобар стрелец на Купот е прогласен Борче Трпески.

Во паузите од Купот публиката ја забавуваше „Mystic Dance“ од Гевгелија.

 

Last modified on Недела, 26 Мај 2019 - 20:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.