Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Планинари од „Двете уши“ го искачија Титов врв

Понеделник, 27 Мај 2019

ПСК „Двете Уши“ викендот 25-26 Мај учествуваа на 38-мото традиционално искачување на Титов Врв 2019 година.
Акцијата беше дводневна со ноќевање во Хотел Попова Шапка со тоа што во саботата имаше организирано повеќе настани од кои што гевгелиските планинари од „Двете уши“ учествуваа на Трибина со тема „Планинарењето, поттик на здрави навики кај младите”, како и натпревар во брзинско местење на шатори во кој учествуваа заедно со „Free Hikers“ од Неготино. На нивно задоволство, успееја да ги покажат своите знаења и спремност за теренско ракување со шатори и го освоија првото место, за што им беше доделено признание на свеченото отварање на настанот проследено со планинарска забава.

Гевгелискиот плалнинарски спортски клуб „Двете уши“ учествуваше со 5 учесници и сите до еден го искачија врвот кој се наоѓа на висина од 2.747 м.н.в.
- „Се движевме по патека т.н. Вакуфската патека, долга 22 километри во двата правци и имавме 1.050 метри висинска разлика за совладување. Временските услови беа прекрасни и очекувани за ваков тип на искачувања“, велат гевгелиските планинари од „Двете уши“.

Титов врв е највисокиот врв на Шар планина и втор по височина во Македонија. Вакуфската патека тргнува од Попова Шапка и завршува на Титов Врв, долга е 15-17 км, а самото искачување по оваа патека трае 4-5 часа. Неверојатно е чувството, кога по околу 4 часа макотрпно пешачење ќе го здогледате врвот, најмногу препознатлив по кулата.

Организатор на планинарското искачување до Титов врв е ПК „Љуботен“ од Тетово, градот под Шара, кои добија бројни честитки од задоволните планинари од вчерашниот настан за нивната беспрекорна подготвеност, гостопримство, акцијашка анимираност на учесниците и севкупен впечаток за успешната организација.

 

Last modified on Понеделник, 27 Мај 2019 - 13:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.