Топ Новости

Три акции и тројца нови членови за еден викенд со ЗПСК „Кожуф“

Вторник, 28 Мај 2019

Богат викенд на активности за ЗСПК „Кожуф“ од Гевгелија - реализираше три акции од својата годишна програма на планинарски остварувања, а своето членство го збогати со уште три новопримени планинари во друштвото на „Кожуф“, меѓу нив и шест годишната Елена.

Првото остварување беше во саботата на 25-ти мај кога 10 члена екипа на ЗПСК „Кожуф“ реализираше акција на Кожуф планина со искачување на врвот „Двете Уши“ висок 1.766 м.н.в. Патеката на движење беше од Асан Чешма - врв Двете Уши - Паша Чаир - и враќање до Асан Чешма. Оваа акција беше посветена на денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Освен искачувањето кон врвот Двете уши, планинарите направија проверка на патеката, со прочистување од паднати дрвја и гранки. По оваа патека ќе биде организирана првата акција за оваа година од страна на гевгелискиот планинарски клуб „Кожуф“ - „РАБОТИМЕ СО МЛАДИТЕ“ што претставува проект на Клубот заедно со ученици од основните училишта од Гевгелија, Миравци Стојаково и Богданци.
На врвот Двете Уши, Претседателот на ЗПСК КОЖУФ им додели планинарски книшки на тројца нови членови, двајца од Стојаково татко и син, и малата Елена која со своите 6 години го искачи и врвот Двете Уши, со што за овие 5 месеци членството на ЗПСК КОЖУФ се зголеми за 15 нови планинари.

Во неделата по покана на ЗПСК „МАРАТОН“ од Струмица, четири члена екипа на ЗСПК „Кожуф“ учествуваше на традиционалниот марш „ПО ПАТЕКИТЕ НА МИС СТОН“. Овој спомен планинарски марш оваа година беше организиран по осми пат. На истиот учесвуваа неколку планинарски клубови од државата како и од соседна Србија.
Планинарте стартуваа со акцијата од брана Турија и се движеа по патеката преку Јурукова колиба - Павлова ливада - Железен дол - с. Нивичино - брана Турија и поминаа 25,5км.
Во село Нивичино домаќинот организатор на маршот струмичкиот планинарски клуб „МАРАТОН“ ги почести учесниците со заеднички ручек планинарско гравче. Воедно, за учеството на планинаркото патешествие на американската мисионерка Мис Стон, на сите планинарски клубови им беа доделени благодарници од организаторот.

Овој викенд се одржа и 38-мото по ред традиционално искачување на Тиов врв 2.747 м.н.в. На оваа републичка и меѓународна акција учествуваше и претставник од ЗСПК „Кожуф“, планинарот Роберт Мојсо.
Искачувањето на Титов врв се организира секоја година, а за прв пат почнува да се организира во далечната 1980г. на насанот учествуваат планинари како од републиката така и од повеке држави од сосетството и Европа, а годинава бројката на учесници достигна до 630 планинари и љубители на природата кој движејки се по патеката наречена „Вакувска патека“ пропешачија 14 км и искачија висинска разлика од 1.047 метри.

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија продолжува со своите зацртани акивности, така што во претсотјниот месец јуни планирани се неколку акции со ученици, пет дневен регионален камп за млади во Планинарски дом „Томе Шутов-Кротки“, како и учество на 22-те балкански средби на планинари кои оваа година ќе се одржат во Етрополе Бугарија.


Last modified on Вторник, 28 Мај 2019 - 12:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.