Топ Новости

Планинарски Камп за Млади Танчев Ѓорги - Гоце КОЖУФ 2019

Сабота, 08 Јуни 2019

Здружение Планинарски Спортски Клуб „КОЖУФ“ од Гевгелија за прв пат оваа година организира планинарски камп наменет за младите. Кампот започнува од понеделник 10-ти јуни и ќе трае пет дена, се до 14-ти јуни. Местото на „кампирање“ ќе биде дворот на Планинарскиот Дом „Томе Шутов Кротки“ во с.Конско.
На овој камп за млади ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија очекува да им се придружат на кампирање и едукација за планинарството околу 30на ученици од основните училишта од Гевгелија, Богданци, с.Стојаково и с.Миравци. Кампот се организира со цел запознавање на младите со природата и планинските убавини, стекнување на нови знаења за флората и фауната, убавините и опасностите на планина и да им се покаже реалниот свет на младите во оваа време на модерната технологија, да осознаат дека сепак може да се помине убаво и исполнето и без техниката и ако се неколку денови без неа.

Учесниците на кампот плаќаат котизација од 300 ден. со што им е обезбеден превоз од Гевгелија до с.Конско и назад, обезбедена е комплетна исхрана со три оброка дневно за сите пет дена престој на кампот, а организаторот се потруди секој учесник да добиеи спомен маица со логото на кампот како и амблемите на организаторите, тоа се: ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, Федерација на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), Младинската Комисија при ФПСМ и Општина Гевгелија.

На кампот ќе бидат организирани предавање од сверата на планинарството, по различни теми:
- Што е планинарство и историски развој на планинарството, со осврт врз историјата на планинарството во Македонија.
- Растителниот и животинскиот свет на планините
- Зашттита на планините
- Опасности на планина
- Потребна планинарска опрема
- Правила на движење на планина
- Исхрана во планина
- Ноќевање во планина ( во шатори ).

Предавањата ќе ги држат членови на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија како и стручни лица од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија и Младинската Комисија при ФПСМ.
- „На кампот се предвидени и неколку планинарски акции прошетки на Кожуф планина, се' со цел младите да бидат запознаени со планината и планинарството и доколку сакаат да се приклучат во нашиот клуб да имат основно познавање“, вечат организаторите.

Првиот планинарски камп за млади го носи името на долгогодишен член на гевгелиското некогашно планинарско друштво „Кожуф“, Танчев Ѓорги - Гоце со што сакаме да се поттсетиме на годините поминати заедно по планините и планинските врвови, велат иницијатотире и организаторите на Кампот за млади од раководството на ЗСПК „Кожуф“.

Танчев Ѓорги - Гоце е роден на 10.02.1962 година. Дипломирал на Економски факултет. Со своето семејство, сопругата, двете деца и родителите живееше во Гевгелија се' до својата смрт. По долго и тешко боледување почина на 03.12.2013 година. Неговата вистинска љубов и најголемото задоволство беше планинарењето, Гоце за прв пат станува член на Планинарското Друштво Кожуф од Гевгелија во 1997 година, а прва негова планинарска акција му беше Ниџе со врвот Кајмакчалан и оттаму долж границата помеѓу Македонија и Грција до Смрдлива Вода, акција на која за четири дена се поминуват преку 200 километри.
Во годините кои следат тој е еден од најактивните планинари во друштвото и ги искачува најголемите врвови во Македонија како Пелистер 2.601 м.н.в. Солунска Глава 2.540 мнв, Титов врв 2.747 мнв, Кораб 2.764 мнв и многу други планинаски врвови низ Македонија. Учествува и на меѓународни акции така што надвор од државата ги искачува Митикас 2.917 мнв, Олимп Грција, Мусала 2.915 мнв, Рила Бугарија, Вихрен 2.914 м.н.в. Пирин Бугарија и други. Во периодот од 2005 до 2007 ја врши функцијата Претседател на Планинарското Друштво „Кожуф“ Гевгелија, а од 24.03.2011 година се' до неговата смрт е Претседател на Собранието на Планинарското Друштво.
Затоа оваа чест, именувањето на овој камп по него, е доказ дека во животот кога го правите она што навистина го сакате, оставате белег - препознаен од другите.


Last modified on Сабота, 08 Јуни 2019 - 19:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Летна еколошка акција во Гевгелија

Во пресрет на почетокот на учебната година Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“

Повеќе

Продажба на градежно земјиште во Гевгелија

Единаесет градежни парцели во државна сопственост, со вкупна површина од 10.991

Повеќе

Авиони-канадери го угаснаа пожарот кај Мамино на Погана

Пожарот кој вчера беше регистриран во областа Мамино, на Погана, во близина на

Повеќе

Агенцијата за медиуми решава за прекршоци на 4 локални телевизии

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница

Повеќе

Се асфалтира последниот километар од патот Негоци-Серменин

Патот долг 27 километри од Негорци до планинското село Серменин на Кожуф

Повеќе

Амазонија гори две недели, чадот се гледа од вселената

Бразилската вселенска агенција извести дека бројните пожари кои ја зафатија

Повеќе

Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во

Повеќе

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.