Заврши првиот планинарски камп за млади „Танчев Ѓорги - Гоце“ на Кожуф

Сабота, 15 Јуни 2019

Во спомен на Танчев Ѓорги - Гоце, а на локација на планинарскиот дом „Томе Шутов Кротки“ кај село Конско и по висините на Кожуф планина, деновиве се реализираше првиот планинарски камп за млади во организација на Здружението планинарски спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија. Ваквата анимација на младите за активен престој во природа беше поддржана и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и Младинската Комисија при ФПСМ.

Времетраењето на кампот беше од 10 до 14 јуни и во своите први обиди за младински новитети во планинарењето собра 20 ученика од основните училишта од Гевгелија, Миравци и Кратово.
Децата првиот ден откако пристигнаа и беа сместени во Планинарскиот Дом беа запознаени со околината, поделени во групи кои си ги поставија своите шатори, а потоа започнаа предавањата за запознавање со природата и планинарството.
Како се поставува шатор, како се врзува јазол, каква опрема треба да се нои на планина, како да се движат и ориентираат при престој во планина, тоа беа некои од насоките и предавањата за младите учесници на летниот камп на Кожуф.

Предавањата ги изведуваа Кристијан Атанасовски кој воедно е и младински лидер на ФПСМ за овој регион, потоа Костадиновски Аце, активен планинар и поранешен претседател на ПД „Кожуф“ кој одржа предавања од областа на орентацијата во просторот. Љупчо Чучуковски, претставник од Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ, одржа предавања на тема Планинарство безбедност во планина и планинарска опрема.

Теоријата е едно, а праксата е веќе искуство кое се стекнува по патеките на самата планина. Така, планинарските прошетки до Смрдлива Вода, Манчева Пресека како и искачувањето на врвот Двете Уши на 1.766 метри надморска височина младите ги водеше лиценцираниот планинарски водич Каркалашев Ристо, инаку и претседател на Клубот.

Во име на федерацијата гостин на камппот беше Љупчо Чучуковски од Делчево, Претседателот на ПСК „Голак“ Делчево и регионален претставник од Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ.
- „Поголем дел од учесниците веќе неколку пати доаѓаат на нашите акции кои ги организиравме минатата и оваа година за најмладите, па сега кога се запознаа подобро со планинарството изразија желба да станат членови на ЗПСК „КОЖУФ“ Гевгелија и тоа им беше овозможено, па на самиот врв Двете Уши им беа доделени планинарски книшки со што нашиот Клуб стана побогат со уште неколку млади перспективни членови кој во иднина ќе станат и вистински планинари“ изјавуваат организаторите на првиот младински планинарски камп.

Кампот го носи името на Танчев Ѓорги - Гоце кој долги години беше член на Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија. Тој во периодот од 2005 до 2007 ја врши функцијата Претседател на Планинарското Друштво „Кожуф“ Гевгелија, а од 24.03.2011 година се' до неговата смрт е Претседател на Собранието на Планинарското Друштво.

Заедно со учесниците, предавачите, гостите од ФПСМ и Младинската Комисија на ФПСМ, како и планинарски друштва со кои соработува гевгелискиот клуб, на годинашниот прв младински камп дневно беа окупирани со работа, предавање, пешачења, искачувања и делење искуства со планината околу 35 планинари и младинци. Целата организација беше финансиски поддржана од локални помагатели и спонзори, меѓу кои: Општина Гевгелија, казино „Фламинго“, казино „Аполонија“, ЈПКД „Комуналец“, „Жито Пром“, „Ветеринар“ и „Хина продукт“ од Гевгелија, како и „Гоки Травел“ Богданци. Посебен акцент во поддршката за организацијата од ЗСПК „Кожуф“ искажуваат кон Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, Агенцијата за млади и спорт кои помогнаа финансиски преку програмата „Работа со млади“, искажувајќи благодарност и до Претседателот на Младинската Комисија при ФПСМ Бојан Станимировиќ како и двајцата членови кои го посетија кампот.

Организаторите по успешната реализација на првиот Планинарски камп за млади „Танчев Ѓорги - Гоце“, најавуваат и во иднина континуирано да продолжат со истото темпо да работи со младите од нашата општина и околните општини, бидејки иднината на секоја организација или здружение е во младите, со неа се омасовува овој вид спорт, се подмладува и е доказ дека активностите на клубот со успех ќе продолжат и понатаму во иднина.


Last modified on Сабота, 15 Јуни 2019 - 21:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.