Топ Новости

Гевгелиските планинари пред Преображение на Крчин 2.341 мнв

Понеделник, 19 Август 2019

Викендов 17 и 18-ти август Здружението Планинарски Спортски Клуб „Кожуф“ од Гевгелија учествуваше со 11 члена екипа во искачување на врвот Голем Крчин позициониран на 2.341 метри надморска височина. Врвот Голем Крчин се наоѓа на масивот Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

Гевгелиските планинари во саботата беа сметени во манастирот „Јован Бигорски“ каде одморија од патот и во неделата рано наутро заедно со останатите учесници на акцијата се упатија со возило до стартната позиција за искачување, а тоа беше селото Битуше. Планинарите и љубителите на природата, околу 600 учесници од повеќе места низ државата, акцијата ја стартуваа во раните утрински часови, околу два часот после полноќ, под светлоста на ѕвездите. Во 3 часот од с.Битуше и искачувањето кон врвот планинарите најголем дел го поминаа во ноќта со челни батерии за во 7 часот утрината да пристигнат на врвот Голем Крчин.

Оваа акција годинава се одржа по четврти пат во организација на „Бигорскиот Манастир“ и сестринствата од манастирите на Светиот Победоносец Георгиј и на Богомајката Пречиста, предводени од благословот на возљубениот ни Старец, Архимандрит Партени. Во присуство на 600 планинари и учесници на акцијата, монасите кои се искачуваа заедно со останатите, на самиот врв Крчин отслужија Божествена Литургија во пресрет на празникот Преображение Христово.

Заради безбедноста на групата оваа година беше присутна единица за спасување на планина и недостапни терени при Црвениот Крст од Охрид како и планинарски водичи со официјално призната лиценца од ФПСМ и МАИВП.


Last modified on Понеделник, 19 Август 2019 - 21:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

Од утре се укинува полицискиот час

Владата на денешната седница донела одлука од утре да се укине полицискиот час,

Повеќе

Рускоска: Ја докажавме вината на Јовановски и Јанева

Обвинителката Вилма Рускоска која го води случајот „Рекет“ денеска презентираше

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.