Топ Новости

ПСД „Двете уши“ на Меморијал на Плачковица

Четврток, 22 Август 2019

Плачковица — средновисока планина во источниот дел на Република Македонија. Највисока точка е врвот Лисец со височина 1 754 м. Се издига помеѓу градот Радовиш и Струмичко-радовишката Котлина на југ и Кочанската Котлина на север, во правец северозапад-југоисток.

Оваа дестинација беше целното остварување на членовите на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија кои викендов учествуваа на Меморијалот Спасов Костаке Цоцо и Маестро Драган Шоиќ 2019 во организација на Планинарското друштво „Бел Камен“ од Радовиш. Меморијалот е традиционален и годинава се одржува по 13-ти пат. На истиот зедоа учество поголем број планинарски клубови од регионот и државата заедно со екипата гевгелиски планинари од ПСД „Двете уши“.

Меморијалниот Марш „Спасов Костаке – Цоцо – 2019“ се организира во спомен и сеќавање на долгогодишниот планинар и другар Спасов Костаке. Од оваа година маршот беше посветен и на големиот пријател и поддржувач на организаторот и планинарењето, Маестро Драгомир ШОИЌ, кој починал пред една година.

Самиот марш се одржи на викендов 17 и 18.08.2019 по следната програма:
Тргнување од пред планинарски дом „Џумаја“ во 8.30 ч. до месноста викана Добра - Јаскан - Лумијска река - Едендере - Планинарски дом „Џумаја“. Самата патека е долга околу 17 километри и е во времетраење од околу 6 часа. Патеката за движење беше лесна, се простира низ ливади, потоци и реки, и е погодна за сите возрасни планинари. За оние кои сакаа искачување на Лисец (1.754 мнв) и Бел Камен (1.707 мнв), врвови кои се издигаат на источната страна од планината Плачковица, за пристап до нив беа обезбедени посебни водичи. По пристигнувањето на сите учесници и гости им беше послужен заеднички ручек по што сите заминаа исполнети со уште едно планинарско искуство и меморијал со посвета на некогашните посветени љубители на планинарењето.

Сместувањето беше организирано за сите учесници од подалечните краеви на државата во Планинарскиот дом „Џумаја“ сместен на 1.420 метри надморска височина Значи искачувањето имаше за задача совладување на висинска разлика од околу 300 до 334 метри надморска височина.

Организатор на меморијалот е Планинарскиот Клуб „Бел Камен“ од Радовиш. Гевгеликото планинарско спортско друштво веќе десет месеци од своето формирање е континуирано активно низ планинските предели и организирани планинарски акции во регионот и државата со што ја докажува својата посветеност кон спортот и планинарењето.

Фото: од албумот на ПСК „Двете уши“


Last modified on Четврток, 22 Август 2019 - 12:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.