Топ Новости

Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ двојни прваци во кошарка

Среда, 09 Октомври 2019

На Општинскиот меѓуучилишен натпревар во кошарка што се одржа денеска во Миравци екипите на ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија и во женска и во машка конкуренција освоија убедлива победа.

На натпреварот учествуваа 50-на ученици кошаркари распоредени во осум екипи (четири машки и четири женски) од четирите основни училишта од општина Гевгелија: „Крсте Мисирков“,„Вадо Кантарџиев“ од Гевгелија, „Климент Охридски“ од Миравци и „Ристо Шуклев“ од Негорци. Натпреварите се одиграа во училиштата спортска сала во Миравци, а истите се во организација на Федерацијата на училишни спортови.

Во полуфиналето машките кошаркари од „Крсте Мисирков“ ја совладаа екипата на ООУ „Владо Кантарџиев“ со резултат 24:20. Финалето го освоија со 22 поени разлика над противничката екипа од Негорци со резулѕтат 28 : 6.

Женската победничка екипа на ООУ „Крсте Мисирков“ во полуфиналето ги совладоа своите врснички од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци со резултат 14 : 2. Финалето остави простор за малку драматика со изедначениот резултат од 7 : 7 со вториот финалист екипата на „Владо Кантарџиев“. Со првото продолжение од 3 минути двете екипи пак се изедначија во играта и одиграа нерешено 9 : 9. Во второто продолжение кошаркарките на ООУ „Крсте Мисирков“ ги совладаа кошаркарките на „Владо Кантарџиев“ со конечниот победнички резултат од 11 : 9.

Двојниот победник, екипите на „Крсте Мисирков“ со овој успех се пласираат за учество на меѓуопштинските училишни натпревари повторно во организација на Федерацијата на училишни спортови.

Аплаузи, сок и сендвич се единствените награди за сите учесници на меѓуучилишните натпревари кои ги надгледуваа и учествуваа во судењето наставниците по физичко образование од четирите основни училишта во Општината.

Last modified on Среда, 09 Октомври 2019 - 20:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.