Топ Новости

ПСК „Двете уши“ традиционално на „Солунска глава“ (2.540 мнв)

Понеделник, 04 Ноември 2019

Традиионално 6-то искачување на врвот Солунска Глава (2.540 м.н.в) и годинава привлече стотина учесници во организација на ПСК „Чеплес“ од Велес. Меѓу традиционалните гости учесници на искачувањето и гевгелиските планинари кои веќе ги имаат изодено овие патеки, но сега со ново име ПСК „Двете уши“ и ново знаме развиорено на 2.540 метри над морската рамнина од земјината топка.

Четири планинари на ПСК „Двете Уши“ од Гевгелија, викендов зедоа учество на планинарската акција посветена на 75 годишнината од ослободувањето на Велес од фашистичкиот окупатор.

Искачувањето беше во два дена. Маршутата на ова искачување беше село Папрадиште - Планинарски дом „Чеплес“ - врв Солунска Глава 2.540 етри надморска височина, со тоа што движењето од Папрадиште до Чеплес беше ноќно.
Временските услови за искачување на врвот не беа погодни. Врвот се искачуваше по густа магла, ситен дожд и ветер од околу 60 километри на час и температури под нулата.
Патеката е средно тешка со должина од 15 км во двата правца.
Организаторот ги подготви учесниците на традиционалното искачување на Солунска глава за условите и потребната опрема која треба да ја поседува секој учесник на акцијата за искачување во зимски услови (јакна против ветер, топла јакна, кабаница, полар, капа, нараквици, зимни чевли, топли чорапи, енергетски барови, апетисани, чоколадо и минимум 2 литри вода).

Партизанските чети ги немаа овие услови во текот на НОБ кога ги поминуваа овие планински предели. Но, упорноста победува и раѓа нови вредности како ова традиционално искачување на Солунска глава организирано од велешките планинари, во пресрет на 9-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Велес.

Нашите гевгелиски планинари спортски подготвени, без бремето на славните партизански борбени патешествија имаа време да се посветат и на есенските глетки на планинарските убавини, патеките послани со опаднати лисја, сртовите во магловитиот отсјај, мирниот од на колоната планинари, верната придружба од кученцата домашни миленици.

Нека им е вечна слава на борците кои овде ја трасираа слободата на нашата земја. Нека им е честит Денот на слободата на велешани. Нека им е со среќа искачувањето на гевгелиските планинари и вака посветено да продолжат со нови остварувања. ПСК „Двете уши“ упати Благодарност до ПСК „Чеплес“ за одличната организација и храброста да водат при вакви услови.

 

Last modified on Понеделник, 04 Ноември 2019 - 15:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

Богданчанец измамил такси компании од Кавадарци и заработил пријави во Полиција

Богданчанецот Г.К. бил пријавен во ОВР Кавадарци во два наврати за измама на

Повеќе

Јануарска градежна офанзива на општина Гевгелија тешка 373.742 евра

Во првата декада од јануари, со почетокот на календарската и новата фискална

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.