Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Се враќаат 7-мо Ноемвриските трки низ Гевгелија

Среда, 06 Ноември 2019

Атлетскиот клуб од Гевгелија што го носи името на Општинскиот празник „7-ми Ноември“ за утре закажува тркачка тура низ улиците на градот. На настанот ќе учествуваат членовите на Атлетскиот клуб, а добредојдени се сите кои сакаат и можат да истрчат едно кругче низ гевгелиските улици.

Така го насловија и настанот „7-мо Ноемвриско кругче низ Гевгелија“. Ќе се трча групно, со лесно темпо неколку километри низ улиците на Гевгелија. Предлог трасата е од Плоштадот „Маршал Тито“ до Железничка, па се продолжува по Булеварот „Гевгелија“. Целта не ја најавија. Очигледно, поважна е пораката да се истрча слободарскиот круг на слободна Гевгелија за Денот на општината, отколку да се прогласуваат победници.

Организаторот, гевгелискиот Атлетски клуб, е новоформирана спортска асоцијација од минатиот месец. Иницијатори се група спортски ентузијасти, кои за утрешниот настан ги покануваат сите кои веќе практикуваат рекреативно трчање, кои трчат на спортски настани, или и оние кои сакаат да трчат да се придружат на Гевгелиското слободарско кругче, утре, четврток 7-ми Ноември, пред Табако, поранешна кафана „Итар Пејо“.
Стартот е закажан во 19:30 часот.

Инаку, во минатото, до пред некои 30-40 години, трките низ Гевгелија беа традиционален спортски настан низ главната улица од Железничката станица до центарот на градот, по повод Денот на општината. Учесници биле ученици од средното училиште, тогашна Гимназија во Гевгелија. Најбрзиот за награда добиваше патики.


Last modified on Среда, 06 Ноември 2019 - 18:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.