Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Гевгеличани истрчаа 5 километри по повод Денот на Општината

Четврток, 07 Ноември 2019

Членовите на Атлетскиот Клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија, вечерва во закажаниот термин, иако по врнежливи услови истрчаа пет километри низ улиците на Гевгелија во чест на празникот - Денот на општината 7-ми Ноември.
Стартот беше од кај Табакото „Итар Пејо“ каде што беше и зборното место за учесниците на ноќната 7-мо ноемвриска трка низ Гевгелија.

Со лесно темпо низ целата рута, која организаторите ја најавија во текот на денот, се започна по улицата „Скопска“ па се продолжи десно по улицата „7ми Ноември“, продолжувајќи низ плоштадот и улицата „Маршал Тито“, за приказ на сите гевгеличани дека центарот повторно го изминуваат гевгелиски тркачи.  Трасата скршна лево поминувајќи покрај спортската сала „26-ти Април“ и оттука се приклучи по ширините на улицата „Слободан Митров Данко“ - улица наречена по еден од 4-те Народни херои што ги дала Гевгелија. Тркачите продолжија по улицата „Железничка“, и се приклучија по Булевар „Гевгелија“ од исток кон запад, каде тркачкиот ритам се одвиваше 1.500 метри по права насока. Стасувајќи до семафорите, на следниот кружен тек од Булеварот поминаа покрај новиот пазар, свртувајќи десно и истрчувајќи уште 100-ина метри по улицата „Деко Ковачев“, а оттука тркачката група се приклучи кон ул. „Радован Ковачевиќ“. На кружниот тек кај Полициската станица повторно се продолжи низ славеничката улица „7-ми Ноември“ и по кратко време групата стаса на зборното и целно место - Тобако Итар Пејо со што беше заокружена 5 километарската тркачка рута низ Гевгелија.

Организаторите иако ги дочека дожлив термин за нивната смислена акција за спортско одбележување на Општинскиот празник задоволни се од стореното.
- „Целта на ова симболично трчање е одбележување на денот на ослободувањето на Гевгелија, но и денот по кој е именуван нашиот клуб“ велат од гевгелискиот Атлетскиот Клуб „7-ми Ноември“ најавувајќи дека организирано ќе атакуваат за поголемо присуство на трчањето како рекреативно практикување, спортување и внимание од страна на локалната заедница.
7-мо Ноемвриските трки беа традиција на одбележувањето на општинскиот празник до пред 30 години од минатиот век, а група иницијатори кои пред само еден месец го формираа Атлетскиот клуб во Гевгелија веднаш симболично, не натпреварувачки и без никаква финансиска потпора со вољата на слободарите слободно истрчаа низ улиците на 75 години слободна Гевгелија.

- „И покрај врнежливото време, дружба и успешно истрчани 5 km на целата група!“ се пофалија членовите на тркачката група: Драган Ристов, Ратко Ќаев, Марјан Ризов, Валентина Узунова, Гоце Барлески, Александар Мурџев, Стојан Делев, Теодора Мурџева, Никола Кованец, Игор Коцевски, Атанасовски Бојан, Тоше Петров и Емилија Глигорова.

Фото: АК „7ми Ноември“

Last modified on Петок, 08 Ноември 2019 - 12:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.