Здружението на граѓани на лица со пулмонална хипертензија „Момент плус“ од Гевгелија во соработка со општините од регионот и Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ организираат хуманитарна трка посветена за лицата со ова ретко заболување, со пораката: „За здив, за лек, за надеж за пациентите со Пулмонална Хипертензија. Секој заслужува подобар живот“, порачуваат организаторите.
Трката ќе се изведува низ територијата на три општини од регионот. Ќе започне од Валандово, ќе продолжи низ Богданци, преку населените места Стојаково и Богородица и ќе заврши со пристигнвање на тркачите во Гевгелија. Целата траса е долга 35 километри. Стартот е закажан на 1 декември (недела) во 10:00 часот во Валандово, до 12:30 се очекува да пристигнат во Богданци, а кон 14 часот да пристигнат на целта во Гевгелија.
Ова е втора хуманитарна трка во Гевгелија организирана од „Момент плус“ со цел да се укаже на потребата од навремена дијагностика и лекарски третман за сите заболени од оваа ретка но опака болест, за која терапискиот третман е особено скап.
Учесниците, тркачи, се ултра маратонци од Македонија, а меѓу нив и редовната поддржувачка на сите трки Валентина од Богданци и тркачи од новоформираниот Атлетски клуб „7-ми Ноември“ Гевгелија.
Покровители на трката „Додека дишам сенадевам“ се општините Гевгелија, Богданци и Валандово, како помагатели се јавуваат „Синотип“ и хотел „Скај“, а медицинската подршка е на „Ројал Медика“.
Организаторите на трката „Dum Spiro Spero* (Додека Дишам Се Надевам) очекуваат гевгеличани да ги дочекат тркачите кои треба да пристигнат во недела околу 14 часот на градскиот плоштад и на таков начин да ја дадат својата поддршка кон хуманитарната спортска манифестација за видливост на проблемот на болните со Пулмонална хипертензија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Наградната игра Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, во оптек награди од
Скенирајте ги сите сметки, Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, 15
Законска исплата на К-15 за работниците во приватниот сектор до 31 декември
До крајот на 2019 година сите оние што работат во приватни фирми, мора да
Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“
Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.
Од 10-тина
Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка
Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите
Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени
Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за
Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година
Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за
Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето
Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на
Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“
Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на
Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци
Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од
Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична
Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во