Топ Новости

ПСК „Двете уши“ солидарно на Солунска Глава (2.540 мнв)

Вторник, 10 Декември 2019

Гевгелиските планинари од Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ овој викенд се солидаризираа со своите колеги по висините и заедно со искачување на врвот „Солунска глава“ се потсетија и оддадоа почит на трагично загинатите алпинисти од Македонија. По повод 21 години од несреќата во која животот го загубија алпинистите: Влатко Боцевски, Бранислав Ристовски, Огњан Филиповски и Предраг Толмачев, во периодот од 06-08.12.2019 година се одржа традиционалното искачување на врвот Солунска Глава, наречен Меморијал „Четворица алпинисти“.
Меморијалниот марш „Четворица алпинисти“ – годинава се одржува по 21 пат, почнувајќи од кобната 1998 година кога со традиционално искачување на врвот Солунска Глава им се оддаде почит на местото каде се споија со висините загинатите алпинисти. Маршот се организира секоја година во чест и сеќавање на Бранче, Влатче, Огњан и Пеџо, членови на Алпинистичкиот клуб „Исак Русо“ од Скопје.

Врвот Солунска Глава се наоѓа на планината Јакупица и е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина, со височина од 2.540 метри.

ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ од Гевгелија во заедничка акција со ПСК „Фри хајкерс“ (Free hikers) од Неготино учествуваа на овој марш и ја искажаа својата длабока почит кон загинатите алпинисти.

Last modified on Вторник, 10 Декември 2019 - 15:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

Богданчанец измамил такси компании од Кавадарци и заработил пријави во Полиција

Богданчанецот Г.К. бил пријавен во ОВР Кавадарци во два наврати за измама на

Повеќе

Јануарска градежна офанзива на општина Гевгелија тешка 373.742 евра

Во првата декада од јануари, со почетокот на календарската и новата фискална

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.