Топ Новости

Титов врз искачен во зимски услови од ПСК „Двете уши“

Понеделник, 16 Декември 2019

Зимскиот период, снежните услови и минусните температури не ги спречуваат гевгелиските планинари да ги изведуват своите зацртани програмски активности.
Викендов, двочлена група од Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија реализираа зимско искачување на Титов врв, највисокиот врв на Шар Планина.

Зимската патека на Шара до Титов врв е една од најтешките во Македонија. Денивелацијата изнесува 1.800 метри и опфаќа 22 километри должинска патека за совладување. 

Двајца членови од ПСК „Двете уши“ искусниот Ристо Картов и претседателот на клубот Пепи Аврамов, го искачуваа врвот со уште стотина планинари од други планинарски клубови од државата.
- „Долго го очекувавме искачувањето на Титов Врв со својот предизвикод 2.747 м.н.в во зимски услови по зимската патека. За нашиот клуб ова е ново искуство и импресиите се големи. Попатно беа искачувани „Церипашина“ 2.525 м.н.в „Антени“ 2.530 м.н.в „Карабунар“ 2.565 м.н.в „Бакардан“ 2.700 м.н.в и „Титов ВрвА“ 2.747 м.н.в. Временските услови беа прекрасни и Шар Планина се покажа како добар домаќин кој дозволи тој ден Титов Врв да го искачат околу 100 планинари“, велат воодушевено од својот реализиран подвиг гевгелските планинари.

Искачувањето на Титов Врв на Шара е 62-ра акција реализирана во текот на годината од страна на растечкиот број планинари членови на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија.


Last modified on Понеделник, 16 Декември 2019 - 20:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.