Викендов (на 4-ти јануари) заврши традиционалниот „ЕСПЕРО“ - новогодишен турнир во мал фудбал во Гевгелија на кој учество зедоа 24 екипи од 12 наслени места од Гевгелија и регионот, со следниот финален пласман:
Прво место: „Ин трејд“ Гевгелија
второ место: „МЕМ Вочар“ Гевгелија
трето место: „Алупласт ПЕГО агрофруит“ Јосифово
четврто место: „Ресторан Крим“ Гевгелија.
Првопласираниот тим на „Ин-Трејд“ го совлада „Мем вочар“ со резултат 1:0 и освои награден фонд од 120.000 денари. Поразениот тим во финалето за освоено второ место доби 80.000 денари. Третото место го освои екипата на „Алупласт ПЕГО Агрофруит“ од Јосифово која со 3:2 славеше во дуелот со „Ресторант Крим“, за кој следуваше парична награда од 40.000, а поразениот утешна награда од 20.000 денари.
Поединечниот ангажман на теренот во конкуренција најдобар играч, голман и голгетер повторно беа воочени и прогласени од редовите на првите три екипи од финалето на турнирот, Така, за пожртвуваноста на теренот, наградата за најдобар фудбалер му припадна на Мартин Тодоровски од победничката екипа „Ин трејд“. Наградата за најдобар голгетер ја понесе Марјан Костадинов од екипата на „Алупласт Пего Агрофруит“, а најдобар голман беше Едо Прелевиќ од екипата на „Мем Вочар“.
Новогодишниот турнир во мал фудбал „Есперо 2019/20“ и годинава по традиција го организираше ФК „Кожуф“ од Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија.
На двонеделниот фудбалски празник во Гевгелија, на Новогодишниот турнирот во мал фудбал „Есперо 2019/2020“ учествуваа покрај сениори и јуниори и цицибаните на ФК „Кожуф“ под водство на бојана Ивановска, и тоа од: Гевгелија, Кавадарци, Возарци, Богданци, Моин, Богородица, Негорци, Скопје, Долни Дисан, Фурка, Чалакли и Јосифово. Аплаузи за учесниците, пехари и награди за победниците и спортски потстрек за нови успеси за сите до следниот турнир во мал фудбал во Гевгелија.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица