Осум признанија за планинари на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија

Понеделник, 20 Јануари 2020

Најмладото спортско друштво по правен регистрационен статус, а исполнет со членови планинари ветерани и ново придружени во походите низ природата и висините, ПСК „Двете уши“ од Гевгелија, минатата недела го одржа своето прво годишно отчетно Собрание.
Во средата, на ден 15.01.2020 година во просториите на Пензионерскиот дом со почеток во 19.00 часот ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ членовите на Собранието расправаа по Извештајот за работа на клубот за минатата година, заедно со финансовиот извештај за работа на клубот во 2019, Програмата за работа за 2020, избор на членови на извршен и надзорен одбор, а беа доделени и оум признанија на нивни истакнати членови.

Собранието го водеше претседателот Јован Митров, долгогодишен планинар, ветеран и искусен организатор на општествениот и спортскиот живот во Гевгелија.

Извештајот за работата на клубот беше презентиран од страна на претседателот Пепи Аврамов, кој ја изнесе оценката дека 2019 година беше една успешна година за клубот. Со вкупно изведените 71 акција во текот на годината покриеноста на викендите беше со ефектива од 150 % планинарски активизам. Од тоа 61 акција биле од Републички ранг и меѓународни акции во соседните земји, како и локални на терените на Кожуф. Членовите на ПСК „Двете уши“ се горди што успееја да реализираат и 10 акции од работен карактер (изработка на планинарска патека од месноста „Смрдлива Вода“ до „Асан чешма“ и приспособување на објектот на Негорски Бањи за добивање функција планинарски дом). Се' на се' успешна прва почетна отчетна година за иницијаторите, организаторите и членовите на Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија.

Образлагањето по Извештај за финансиската состојба на клубот беше обврска на благајникот Мими Костадинова. Домаќински беа потрошени расположливите средства за 2019 година (набавена клубска опрема која се состои од дерези, шатори и GPRS опрема, финансиско учество за реализираните планинарски и работни акции) и со позитивно салдо ПСК влегува во новата 2020 година.

Членовите на Собранието ја изгласаа Програма на активности на ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ за 2020 година, која во претежен дел има републички и меѓународен карактер и е обврска на реализација на сите заинтересирани членови на клубот.
Едногодишнината од работата на спортскиот клуб беше повод за избор на нови членови на Извршниот и надзорниот одбор. За член на Извршен одбор беше избран Атанас Атанасовски, а за член на Надзорен орган на ПСК довербата од гласачите му припадна на Јован Петров.

На Собранискиот собир ПСК „ДВЕТЕ УШИ“ Гевгелија им додели Признанија и Благодарници на најуспешните и највредните членови за 2019-та година. Признанија за посебни планинарски искачувања во 2019-та година добија Ристо Картов и Пепи Аврамов. Признанието за најмлад учесник во планинарките акции во 2019-та година отиде во рацете на Александар Карајанов. Тана Гавриловска доби Признание за успешно искачен врв Двете Уши во 2019 година.

Благодарница За изработка на планинарски обележја на врвовите на Кожуф планина доби Благој Ѓорѓиев - Жапче, а Благодарница за придонес во уредувањето на планинарските патеки ка Кожуф планина и планинарски дом на Смрдлива Вода добија Трупун Кочев, Атанас Атанасовки и Јован Митров.

Финишот од собранието членовите го посветија на сите успешни зимски искачувања остварени на почетоот на месец Јануари и плановите за во иднина, посакајќи си успешна и плодна планинарска 2020-та година.

ФОТО: ПСК „Двете уши“ изработени од Мими Костадинова

 

Last modified on Понеделник, 20 Јануари 2020 - 17:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.