Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Програмата за спорт 2020 тешка 9.000.000 денари

Четврток, 30 Јануари 2020

Буџетските одвојувања на Општина Гевгелија за помагање на развој на спортот и спортските активности во општината за тековната 2020 година изнесува 9.000.000 денари, што е противредност од 146.350 евра.
Истиот ќе го делат 34 спортски клубови и здруженија со спортска ориентација, или активности за учество на натпревари на спортски секции во Здруженија на граѓани.
Од редовните корисници на средства од оваа Програма за спорт на општината, востановена пред повеќе од 12 години ќе ги споменеме: Фудбалскиот клуб „Кожуф“ со буџетска поддршка од 2.700.000 денари, Машкиот и женскиот ракометен клуб од Гевгелија со буџетска помош од по 500.000 денари за секој клуб посебно. Поголема ставка на одвојувања има и за организаторот на фудбалскиот турнир „Есперо“ 300.000 денари. За активностите на КК „Кожуф“ АД Гевгелија резервираи со програмата за спорт вкупно 3.700.000 денари за учество на сениорско-кошаркарско првенство (супер лига), сениорски Куп на Македонија и учество на Младинска лига М-18 и М-16.
Одобрени се средства за поддршка на спортски клубови кои дејствуваат во населените места од општината ФК „Вардар-Прдејци“, ФК „Зорбас-Победа“ Мрзенци, КМФ „Млади“ Миравци, ФК „Партизан-2015“ Моин за учество во општинска фудбалска лига, ЗГ „Митко Ќаев -Борче“ с. Богородица, со финансиска поддршка од 30.000, 40.000 до 100.000 денари годишно.

Одвоени се средства и за шестмина спортисти поединци во вкупна вредност од 80.000 денари.
Се вкупно, поддршката на клубовите, спортските здруженија и организатори на натпревари, кои се 30 на број, Општината ќе ја чинат 8.550.000 денари. Другите 370.000 денари се за „други активности“ (набавка на медали, пехари, спортски одличја што ќе ги доделува Општината како покровител на спортските нтпревари) и поддршката за поединци.

Во друштвото на субвенционираните спортски клубови и здруженија се најдоа: Карате клубот „Гевгелија“ (20.000 ден.), Карате клуб „Армор“ (20.000 ден.), Училишен спортски клуб „Владо Кантарџиев“ (30.000,- ден.), Тениски клуб „Круна“ (40.000 ден.), Здружение на слепи лица (10.000 ден.), Мото клуб „Ретки птици“ (40.000), ЗПСК „Кожуф“ (100.000 ден.) ПСК „Двете уши“ (70.000 ден.), новоформираниот Атлетски клуб „7-ми Ноември“ (20.000 ден.).

За реализација на годишната програма за поддршка на спортот и спортските активности во општината во текот на 2020 година задолжен е градоначалникот на општина Гевгелија.


Last modified on Четврток, 30 Јануари 2020 - 11:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.